Грција ќе бара продолжување на договорот за кредит со еврозоната

Од:

Грција планира денеска да побара продолжување на договорот за кредит со еврозоната, изјави извор упатен во преговорите во Брисел, истакнувајќи дека тоа се разликува од програмата за финансиска помош.

Анонимниот извор изјавил дека Грција ќе бара продолжување до шест месеци, но за условите се уште се преговара. Изворот додал дека барањето е во согласност со предлогот на еврокомесарот за економски и финансиски прашања, Пјер Московиси. Официјална Атина тврди дека била подготвена да го прифати, но документот бил повлечена непосредно пред состанокот на министрите за финансии од еврозоната во понеделникот.

Новата грчка Влада на премиерот Алексис Ципрас одби да побара продолжување на програмата за помош која ќе истече на 28 февруари, противејќи се на мерките за штедење наметнати во рамките на програмата. Ципрас направи јасна разлика меѓу програмата за помош и прашањето на грчкиот долг.

– Договор за заем е нешто поинакво од програма за помош, изјави Ципрас пред пратениците на неговата радикалната левичарска партија Сириза.
Владин претставник во Атина за грчките медиуми изјавил дека Грција го разгледува ова прашање, но го отфрли притисокот на министрите за финансии од еврозоната, кои ја повикаа Атина до петок да побара продолжување на програмите за помош.

– Не прифаќаме ултиматуми. Нема да побараме продолжување на програмата за помош. Ја разгледуваме можноста да побараме продолжување на договорот за кредит, кој јасно се разликува од програмата за помош, додал анонимниот извор.

Еврогрупата досега јасно стави на знаење дека не се согласува на одвојување на финансирањето на Грција и обврската да го отплати долгот, од прашањето за штедење и реформите кои ги вети претходната влада предводена од конзервативците.

Претседателот на Еврогрупата Јерон Дајселблум Јероен претходно рече дека условите за продолжување на програмата за помош малку се разликуваат од сегашните.

Би можело да ве интересира

Гужва за влез во Грција: На Богородица се чека по еден час

А1он

Двајца Македонци осудени на по пет години затвор во Грција, внесувале фалсификувани лични документи

Грција воведува шестдневна работна недела

ВИДЕО: Уапсени двајца Срби, поранешни членови на „Пинк Пантер“ – оргабувале златарници во Атина

Земјотрес го погоди денеска грчкиот остров Самос

Преспанскиот договор оспорен во предизборието, анализира грчки Катимерини

Александар Тодески