Грција и еврозоната не постигнаа договор

Од:

Министрите за финансии на земјите-членки на еврозоната на синоќешната средба во Брисел не постигнаа договор со Грција околу нејзините барања за нова програма за финанасирање и отпис на долгот.

– Разгледавме голем број проблеми, меѓу кои и актуелната програма. Ја разгледавме можноста и за нејизно продолжување. За некого тоа е сакано решение, но засега не дојдовме до него. Ќе ни треба уште малку време, изјави претседателот на Еврогрупата, Јерун Дејселблум по завршувањето на седумчасовната министерска средба, најавувајќи продолжување на разговорите в понеделник.

Грчкиот министер за финансии Јанис Варуфакис по средбата изрази поголем оптимизам, најавувајќи дека „спасоносно решение“ би можело да биде постигнато в понеделник.

Според него, синоќешната средба и немала за цел да биде најдено решение, туку само претставувала добра дискузија.

ДПА јави дека на средбата била договорена заедничка изјава на учесниците за состојбата во Грција и еврозоната, но дека по консултациите со Атина, грчката делегација не го прифатила договорениот документ.

Новата грчка Влада на премиерот Алексис Ципрас не се согласува со продолжување на меѓународната програма за помош, која истекува за две недели и предлага алтернативен план за финансирање и реформи, кој вклучува и барање за нов отпис на грчкиот долг..

Меѓутоа, европските партнери на Грција бараат таа да продолжи со спроведување на преземните обврски. Тие се обидуваат да ја убедат Владата во Атина да се согласи на продолжување на сегашната програма, која предвидува строги мерки на штедење и приватизација на државните претпријатија, по што би можело да се разгледа и барањето за отпис на долгот, кој изнесува 175 отсто од грчкиот БДП.

Решение за ова треба да биде донесено најдоцна од 16 февруари, на следната средба на Еврогрупата, бидејќи пред да стапи во сила тоа треба да биде одобрено и од парламентите на земјите-членки.

Би можело да ве интересира

Грција воведува шестдневна работна недела

ВИДЕО: Уапсени двајца Срби, поранешни членови на „Пинк Пантер“ – оргабувале златарници во Атина

Земјотрес го погоди денеска грчкиот остров Самос

Преспанскиот договор оспорен во предизборието, анализира грчки Катимерини

Александар Тодески

Дводневен штрајк на царинските служби во Грција

Орце Костов

По силниот земјотрес во Грција, тлото продолжува да се тресе