Грција ги интензивира преговорите со партнерите од еврозоната

Од:

Грција и нејзините партнери од еврозоната ги интензивираа преговорите во обид да се надмине ќор-сокакот со цел земјата да добие финансиска помош во текот на идната недела, иако Владата во Атина испраќа различни сигнали за нејзината подготвеност да се сложи за реформите кои веќе долго време се закочени, јави дописникот на МИА од Атина.

Ова денеска го пишува Блумберг, чиј текст го пренесуваат грчките медиуми, додавајќи дека иако постои опасност Грција на почетокот на идната недела да остане без готовина, двете страни на синоќешниот состанокот со претставниците на еврозоната се согласијаод денеска да ги интензивираат преговорите, со цел до недела да се постигне прелиминарен договор. Целта би била министрите за финансии да потпишат договор до нивниот следен редовен состанок на 11 мај, соопштиле официјални претствници кои барале да останат анонимни.

Клучен фактор во потенцијален пробив може да биде одлуката на премиерот Алексис Ципрас да интервенира и да игра главна улога во преговорите за да му помогне на процесот, коментира агенцијата. Тоа даде сигнал дека неговата Влада може да биде подготвена да го направи она што е потребно за да ја деблокира финансиската помош.

– Се чини дека има движење во претворањето на најважните поенти во акција, изјави австрискиот министер за финансии Ханс Јерг Шелинг вчера во Виена, пред средбата на еврозоната. Истакнувајќи ја важноста на состанокот на министрите за финансии на еврозоната што ќе се одржи на 11 мај, Шелинг рече дека „постои јасно признавање дека министрите до тогаш мора да имаат доволно за да можат да продолжат да разговараат“.

Договорот се уште може да запне поради несогласувањата внатре во Владата на Ципрас, пишува Блумберг. Показател дека се уште има пречки кои треба да се надминат е вчерашното соопштение на грчкото Министерство за финансии во кое се вели дека Владата „ги задржува црвените линии“ во преговорите, кои го вклучуваат данокот на промет за островите, реформите во пензискиот систем и пазарот на труд, како и приватизацијата.

Колегите на грчкиот министер за финансии Јанис Варуфакис минатата недела му рекоа дека времето истекува за да ги исполни ветувањата за реформа на економијата во замена за исплата на помош. Од тогаш Ципрас ја ограничи улогата на Варуфакис во секојдневните преговорите, и направи реконструкција на својот персонал.

– Владата навидум одговори и го смени преговарачкиот тим. Се надевам дека тоа е добар сигнал дека можеме да дојдеме до договор, рече Шелинг.

Би можело да ве интересира

Гужва за влез во Грција: На Богородица се чека по еден час

А1он

Двајца Македонци осудени на по пет години затвор во Грција, внесувале фалсификувани лични документи

Грција воведува шестдневна работна недела

ВИДЕО: Уапсени двајца Срби, поранешни членови на „Пинк Пантер“ – оргабувале златарници во Атина

Земјотрес го погоди денеска грчкиот остров Самос

Преспанскиот договор оспорен во предизборието, анализира грчки Катимерини

Александар Тодески