Готови правилниците за поддршка на фирмите со владините мерки, договори во јуни

Од:

Директорот на Фондот за иновации и технолошки развој (ФИТР) Јован Деспотовски очекува до крајот на јуни годинава да бидат потпишаните првите договори со кои компаниите ќе добијат неповратни средства со мерките од третиот столб на владиниот План за економски раст, со кои годинава се на располагање 10,5 милиони евра.

– Ги затвораме правилниците за сите четири мерки и очекувам во брза постапка од Владата да добиеме согласност и да го објавиме првиот повик во наредните две-три недели. Повикот ќе биде отворен 45 дена, а процесот на евалуација ќе биде во рок од 60 дена, информира Деспотовски по денешната средба со членки на Сојузот на стопански комори на Македонија со која го заокружи процесот на консултации за мерките со коморите.

Тој најави дека проектите со кои ќе конкурираат фирмите ќе ги оценуваат надворешни стручни лица чија селекција ќе се направи транспарентно. Заедно со правилниците ќе биде објавен и начинот на бодување, а фирмите ќе добијат терк на апликација и на буџет со што ќе имаат јасна претстава за целата процедура и ќе ги знаат точните критериуми.

Александар Зарков, извршен директор на Сојузот на стопански комори, истакна дека веќе се преземаат активности за подобрување на капацитетот на компаниите за подготвување квалитетна апликација.

Добро е, потенцираше, што за разлика од претходните мерки на Фондот, за претстојните ќе нема поврат на средства од остварената добивка на компанијата.

Малите и средните претпријатија имаат потреба од финансиска поддршка која е важна за нивно стабилизрање и натамошен развој.

– Во сите мерки се вклучени сегменти кои се битни за компаниите во поглед на поддршка за енергетска ефикасност, за примена на стандарди кои ќе ја зголемат конкурентноста на компаниите, за истражување и развој што ќе придонесе за нивен дополнителен развој и зголемување на капацитетот, односно поддршка за зголемување на самите капацитети на вработените како суштествено важно за компаниите и еквити фондови, рече Зарков

Според него, малите и средните претпријатија имаат потреба од финансиска поддршка која е важна за нивно стабилизрање и натамошен развој.

Со третиот столб од Планот, најголема финансиска поддршка е предвидена со мерката број три која е за поддршка на развој на иновативни продукти и услуги. Со неа се финансира 70 проценти од проектот, но не повеќе од 20 милиони денари. Со критериумите за распределба е предвидено и колку проектот ќе придонесе за развивање на конкурентноста на компанијата и колку вработувања ќе реализира.

Како што најави Деспотовски, примената на мерките од владиниот План ќе ја следи работна група во која покрај претставници на Кабинетот на вицепремиерот за економски прашања Кочо Анѓушев, на ФИТР и на Министерството за економија, ќе учествуваат и претставници на трите стопански комори.

Би можело да ве интересира

Јанушев: Обвинителството да отвори истрага за грантовите од ФИТР на Дрин Ахмети, од шест милиони по огласот, тој добил пет

ССК: Кинескиот пазар стратешка цел за извозот на македонската храна и вино

ССК: Со данокот на солидарност опфатени иновативните, успешни компании, а не и банките кои остваруваат огромни профити

ФИТР со реакција: Внукот на Ахмети барал повеќе пари за иновации ама му одобриле само 82.000 евра

А1он

Ангелоски: Секое замрзнување на цените има консеквенци, ние преферираме слободен пазар

Ана Ололовска

Фондот за иновации потрошил еден милион евра за хонорарци и експерти кои не поминале интервју, открија ревизорите

Орце Костов