ГДУ: Дали министерот сака да ги охрабри граѓаните кои заработуваат над илјада евра да ја напуштат Македонија?

Од:

„Граѓанско демократската унија го изразува своето незадоволство од најавите на министерот за финансии Драган Тевдовски дека се планира прогресивно оданочување со оправдување дека со оваа даночна мерка би биле опфатени околу два отсто од граѓаните.

Г.Тевдовски како да има намера дополнително да ги оптовари програмерите, уметниците, преведувачите, архитектите… т.н. фриленсери кои се трудат да заработат и заработката да ја остават во земјава, можеби министерот на овој начин сака да ги охрабри и тие да ја напуштат Македонија?

Како да не извади поука од зголемувањето на акцизата на дизел горивото- и тогаш поголемиот дел од населението немаше потреба да се вознемирува, таа мерка беше за некои други?

Ако му недостасуваат средства, министерот би можел да се позанимава како се почитува финансиската дисциплина во земјава. Ако правилата на внатрешниот платен промет се исти на целата територија на Република Македонија, тогаш зошто министерот за финансии и органите под негова контрола не ги спроведуваат?

Ако министерот е дарежлив и исплаќа “државни службеници” да седат дома, финансира “традиционални тиквијади” и се уште незнае колку е бројна администрацијата, зошто очекува јавноста да ги сфати неговите аргументи сега? И сосема за крај, почитуван министер-Која е горната граница ако 2% од населението е прифатлива за вас?“ се вели во соопштението на ГДУ.

Би можело да ве интересира

Државата е еден од најголемите загадувачи: Над 700 институции користат греење со кое го трујат воздухот, најголем дел се во училишта и градинки

A1on

ГДУ се откажува од пратеничките бенефиции

Ана Ололовска

ГДУ: Владата молчи за помошта која стигна до коцкарници, казина и фирми поврзани со власта

Ландов

ГДУ: Вонредната состојба се користи во полза на партијата на власт, а не на граѓаните

А1он

Секретарот на ГДУ, Димo Петкоски избран за шеф на Изборниот Штаб на партијата

Ана Ололовска

Колев: Падна од власт „фамилијата“ за да дојдат „рекетарите“