„Газпром“ не ја исклучува можноста од прекин на транзитот на руски гас за Европа

Од:

„Газпром“ не исклучува потенцијален прекин на транзитот на руски гас за Европа, се наведува во извештајот на рускиот гигант за 2013 година, пренесува ИТАР-ТАСС.

– Може да се создаде ситуација во која Газпром нема да може да спречи потенцијален прекин на транзитот на гас преку територијата на следните земји: Украина, Белорусија и Молдавија, се наведува во извештајот.

Раководството наведува дека имало случаи кога испораката на гас, наменет за европските потрошувачи, бил пренасочуван поради несогласувања со земјите од поранешниот Советски сојуз, преку чија територија се транзитирал гасот.

Секој прекин на транзитот преку територијата на Украина, Белорусија и Молдавија, вклучително потенцијално пренасочување на гасот испорачан за Европа, може да доведе до тоа Газпром да не е во состојба да ги исполни обврските за снабдување со гас на европските потрошувачи. Актуелната политичка и економска криза во Украина ги засилува ваквите стравувања, што може негативно да влијае на нашата активност и нашата финансиска состојба, се наведува во извештајот на компанијата.

Би можело да ве интересира

Русија распиша потерница по Зеленски

Русија: Украинците подготвуваат напад на мостот на Крим, Западот им помага, а одмаздата ќе биде погубна

А1он

Изгореа 20 станбени и комунални згради во југоисточната руска република Бурјатија

Алаудинов: Ќе го уништиме НАТО до 2030 година

Додик отпатува за Русија

Полска е подготвена да распореди нуклеарно оружје на НАТО на своја територија