Г-7: Сиромашните земји да се ослободат од отплата на долгот и во 2021 година

Од:

Министрите за финансии на Г-7 денеска оценија дека е подобрена економската состојба во нивните земји и се договорија да продолжат да ги координираат своите одговори на пандемијата со Ковид-19, изјави портпаролот на американското Министерство за финансии.

На телеконференцијата, министрите ги повикаа сите официјални билатерални кредитори во целост да го спроведат замрзнувањето на долгот на најсиромашните земји во светот, откако тоа беше договорено на ниво на Групата 20 најразвиени светски економии.

Министрите на земјите-членки на Г-7 се согласија и да ги разгледаат дополнителните опции за земјите со ниски приходи, вклучително и ослободување од отплатата на долгот да продолжи и во 2021 година.

Би можело да ве интересира

Земјите од Г7 размислуваат како да и помогнат на Украина со замрзнатите руски средства

Кредитите кај нас нема наскоро да поевтинат: Има само тренд на привремено стабилизирање на поскапувања, сметаат од НБРМ

Орце Костов

Во септември годишен раст од 8,9% на вкупните депозити и 5,8% на кредитите

Tigo Multi – Осигурете си финансиска сигурност со -50% попуст на каматата!

Предраг Петровиќ

Народна банка: Просечните камати на депозитите во јули 1,50%, на кредитите 5,49%

Орце Костов

Фирмите ги зголемиле заштедите во банка, граѓаните користеле повеќе кредити: НБРМ го објави монетарниот извештај

Орце Костов