Форбс: Електричните автомобили од Кина ќе доминираат на светскиот пазар

Од:

Електричните автомобили направени во Кина ќе доминираат на светскиот пазар, се вели во американското деловно списание „Форбс“, во кое стои дека Кина е во чекор со западниот свет кога станува збор за производство на вакви возила, па дури и во некои сегменти го престигнува „Западот“.

Во најнаселената земја во светот, минатата година имало 2.58 милиони електрични автомобили, во Европа 970.000, а во САД – 880.000, според Меѓународната агенција за енергија. Покрај тоа, Кина има најголем број станици за полнење на батерии во светот во споредба со остатокот од светот, а овој број расте и претставува 82 отсто од вкупното зголемување на бројот на вакви станици во светот.

Оваа земја произведува висококвалитетни електрични автомобили и тие станаа многу конкурентни на пазарот, што може да се потврди со продажбата на моделот „Xpeng P7“, што е слично на „Model 3“ на „Tesla“.

Моделот „P7“ забрзува од нула до сто километри на час за само 4,7 секунди и има многу привлечен дизајн, со цена од 36.000 долари, но ова не е единствениот кинески електричен автомобил кој се натпреварува со оние од остатокот на светот, бидејќи има и други модели кои се натпреваруваат во другите области на автомобилизмот.

Пониската цена, поквалитетниот и попривлечен дизајн не се единствените предности на кинеските автомобили. Постојат и други фактори кои ги прават тие да бидат поконкурентни, а еден од нив е фактот што Кина е најголемиот производител на литиум во светот – ресурс потребен за производство на батерии.

Би можело да ве интересира

Самир Мане – првиот милијардер од Западен Балкан на листата на Forbes

Предраг Петровиќ

Форбс: Светските милијардери помлади од 30 години го наследија своето богатство

Првиот македонски електричен автомобил на „Еколог“ го нема: „Дестани ме исфрли од “Некст е.ГО’, фирма која јас ја основав“

A1on

Осуммина од десетте најбогати луѓе во светот се Американци

Жарко Настоски

Форбс: Поради Ковид-19, 226 лица веќе не се милијардери

Ана Ололовска

Само еден процент од возилата на патиштата во Европа во 2018 година биле електрични

Ана Ололовска