Осуммина од десетте најбогати луѓе во светот се Американци

Од:

Бројот на нови милијардери во САД и во светот лани се зголемил, како и нивното богатство, и покрај ситуацијата со пандемијата, се дознава од годинешната ранг листа на магазинот Форбс на милијардери во светот.

Списокот веќе четврта година го предводи Џеф Безос, основачот на Амазон, со вкупна вреднот од 177 милијарди долари. Директорот на Тесла, Елон Маск, е на второ место со 151 милијарда долари.

Од Американците, во дестмината најбoгати луѓе во светот се и Бил Гејтс, основачот на Мајкрософт со 124 милијарди долари,и Марк Закарберг, основачот на социјалната мрежа Фејсбук, со 97 милиарди долари. Потоа доаѓа Ворен Бафет од корпорацијата „Беркшајр хатавеј“, кој е на шесто место на листата на Форбс, најбогати луѓе во светот (96 милијарди долари), по него е Лари Елисон од Хаваи, милијардер во областа на софтверот, со вкупна вредност од 98 милијарди долари. Веднаш потоа се Лари Пејџ и Сергеј Брин, основачите на Гугл со 91.5 милијарди и 89 милијарди долари вкупно богатство соодветно.

Во листата се наоѓаат на пример и млади претприемачи кој во 2021 година станале милијардери, како 26 годишниот Остин Расел, кој го прекинал школувањето на Стенфорд за да основа своја компанија за автомобилски сензори, „Луминар технолоџис“. Од САД е и најстариот милијардер во светот, Џорџ Џозеф, тајкун во осигурителниот бизнис кој годинава наполни 99.

Би можело да ве интересира

Уапсен актер откако силувал и малтретирал девојка: Му се заканува доживотен затвор

ВИДЕО: Олуите и торнадата во САД однесоа 23 жртви, 300 илјади луѓе без струја

Пет лица загинаа во торнадо во Ајова, десетици се повредени

Три лица загинаа во авионска несреќа во САД

(ВИДЕО) Нова драма во САД: Брод удри во мост, се излеа нафта, спасувачките служби го блокираа сообраќајот

Горан Наумовски

Волстрит порасна, но инфлацијата во САД не се намалува