Еврозоната подготвува трет пакет за спас на Грција

Од:

Еврозоната подготвува трет пакет за спас на Грција во износ до 50 милијарди евра, изјави денеска шпанскиот министер за финансии и економија Луис де Гвиндос.

– Грција нема да ја напушти еврозоната, бидејќи тоа нема да е добро ни за самата земја, ни за останатите 18 држави што ја користат единстевана европска валута, изјави Гвиндос во обраќање на економска конференција во Памплона.

Според Гвиндос, новиот пакет за Грција што го подготвува еврозоната, ќе предвидува помош во износ меѓу 30 и 50 милијарди евра.

– Основното сценарио за Грција предвидува договор врз основа на сегашниот план за спас, кој ќе предвидува и нови услови што треба да бидат утврдени со флексибилен пристап, рече Гвиндос.

Би можело да ве интересира

Гужва за влез во Грција: На Богородица се чека по еден час

А1он

Двајца Македонци осудени на по пет години затвор во Грција, внесувале фалсификувани лични документи

Грција воведува шестдневна работна недела

ВИДЕО: Уапсени двајца Срби, поранешни членови на „Пинк Пантер“ – оргабувале златарници во Атина

Земјотрес го погоди денеска грчкиот остров Самос

Преспанскиот договор оспорен во предизборието, анализира грчки Катимерини

Александар Тодески