Европскиот механизам за стабилност работи на предлози за намалување на грчкиот долг

Од:

Европскиот механизам за стабилност (ЕМС) во моментов работи на предлози за спроведување на договорените краткорочни мерки за намалување на грчкиот долг.

Ова го изјави Денис Колберг, портпарол на германскиот министер за финансии Волфганг Шојбле, за грчката државна новинска агенција АНА-МПА.

– Еврогрупата на 24 мај се согласи на краткорочни мерки за долгот по завршувањето на првата ревизија на програмата. Мерките се наведени во договорот, изјави Колберг и додаде дека во мерките, меѓу другото, се вклучени и мерки за осигурување на сегашните ниски каматни стапки на долг рок.

Европскиот механизам за стабилност (ЕСМ) во моментов работи на предлози за спроведување на договорените краткорочни мерки, одговори Колберг на прашањето во врска со написот во весникот „Ханделсблат“ дека Министерството за финансии на Германија се согласило на краткорочни мерки за отпишување на грчкиот долг.

Во врска со информациите во весникот дека е можна телефонска конференција меѓу  министерот за финансии на Германија, министрите за финансии од еврозоната, ММФ и Европската централна банка за отпишување на долгот, тој не го негираше.

– Еврогрупата ќе се состане на 5 декември. Сепак, ние, исто така, разменуваме мислења надвор од Еврогрупата на различни нивоа, додаде Колберг.

Би можело да ве интересира

Гужва за влез во Грција: На Богородица се чека по еден час

А1он

Двајца Македонци осудени на по пет години затвор во Грција, внесувале фалсификувани лични документи

Грција воведува шестдневна работна недела

ВИДЕО: Уапсени двајца Срби, поранешни членови на „Пинк Пантер“ – оргабувале златарници во Атина

Средби со Светска банка: Светска банка со поддршка на реформските активности на Народната банка за пристапување кон СЕПА

Земјотрес го погоди денеска грчкиот остров Самос