Еврокомисијата предлага оданочување на Фејсбук, Амазон и Гугл во ЕУ

Од:

Европската комисија предложи во Европската Унија да бидат оданочувани големите дигитални компании како Фејсбук, Амазон и Гугл.

Оваа мерка би можела да создаде тензии со САД од каде доаѓаат повеќето технолошки гиганти.

Еврокомесарот за економски прашања Пјер Московиси ги презентираше двата нови предлози на ЕК за оданочување на дигиталните фирми кои немаат физичко присуство на континентот.

Брисел сака да го оданочи приходот на одредени дигитални активности на технолошките гиганти. Конкретно тоа значи дека овој данок би се применил на активности како што се продажбата на рекламен простор, продажбата на податоци на корисниците или други дигитални активности кои ја олеснуваат размената на добра и услуги помеѓу корисниците.

Европската комисија смета дека со даночна стапка од три отсто би се генерирале околу пет милијарди евра приход за земјите членки. Таргетирани се компаниите со годишен глобален приход од над 750 милиони евра или европски приход од 50 милиони евра.

Вториот предлог е да се оданочи профитот на овие фирми во земјите каде исполнуваат еден од следните три услови, над седум милиони годишен приход во земја членка на ЕУ, над 100.000 корисници во една земја членка или над три илјади деловни договори за дигитални услуги помеѓу компанијата и бизнис корисниците.

Предлогот доаѓа во време кога европската јавност, според сите мерења на јавното мнение, е особено чувствителна на фискалната евазија на големите фирми, особено дигиталните. Но, тој доаѓа и во момент на затегнати односи меѓу ЕУ и САД.

Имено, овие предлози најмногу би ги опфатиле гигантите од Силиконската Долина, како Фејсбук, Амазон, Епл или Гугл.

Одговарајќи на новинарско прашање на оваа тема, еврокомесарот Пјер Московиси изјави дека цел на ваквиот предлог не ниту една земја одделно.

– Околу 150 компании би биле засегнати од оваа такса, меѓу нив има и европски компании. Оваа такса е компатибилна со правилата на Светската тровска организација и не претставува одговор на скорешните најави за нови такси, изјави Московиси, алудирајќи на одлуката на администрацијата на Трамп да воведе нови царини за увоз на алуминиум и челик во САД.

Според проценките на Еврокомисијата, половина од засегнатите компании со овој даночен план се американски, а третина европски.

Овие нови предлози пред да стапат во сила, прво треба да бидат разгледани и одобрени од Европскиот парламент и земјите членки на ЕУ. Лидерите на шефови и држави на ЕУ, кои се среќаваат утре и в петок во Брисел, ќе излезат со свое мислење за планот, најави Европската Комисија.

Би можело да ве интересира

Фејсбук и Инстаграм се вратија, корисниците можат повторно да се логираат

Хаос во најава: Вработените во Амазон ќе штрајкуваат на црн петок

Орце Костов

Поглавар од Амазон: Реките пресушуваат, температурите се високи и има малку дожд

ЕК: Растот на македонската економија годинава 2,0 отсто, наредната 3,1 отсто

(ВИДЕО) Се изгубил во џунгла и преживеал 31 ден: Пиел дождовница и јадел црви

Катерина Ѓуровски

Шулце: Германија ќе вложи 222 милиони долари за заштита на амазонската прашума