ЕУ во исчекување на одлуката на СТО за американските санкции врз Ербас

Од:

Светската трговска организација (СТО) во текот на денешниот ден треба да се произнесе за американските санкции врз Ербас, кого САД ги обвинува за добивање „нелегална државна помош“.

Според сите очекувања, СТО би требало да даде зелено светло за американските мерки кои предвидуваат покачени царини врз огромен број европски производи, и можна нова трговска бојна помеѓу двата блока.

САД и ЕУ со години взаемно се обвинуваат за нелегални субвенции за двата авиогиганти – Ербас и Боинг.

Доколку СТО одговори позитивно на американското барање за воведување санкции, се очекува, освен авионите, да бидат погодени прехранбени производи, пијалаци, мотоцикли, или пак опрема за правење накит, меѓу другото.

Во тој случај, Европската Унија ќе има право да воведе свои реципрочни мерки, но дури во текот на 2020-та година. Европската Унија има веќе изготвено свој список на американски производи за кои ќе бидат зголемени царините како одговор на “нелегалната државна помош за Боинг“.

Планот на Вашингтон изнесува милијарди евра во царини врз европските производи.

Министрите за трговија на земјите членки на ЕУ вчера одржаа неформален состанок на оваа тема и уште еднаш повторија дека се отворени за изнаоѓање заеднички прифатливо решение за да се избегне нова трговска војна.

-Иако направивме грешки од двете страни и можеме да воведеме царини, ова не е добар начин, изјави по состанокот еврокомесарката за трговија, Сесилија Малмстром.

Би можело да ве интересира

Хамас: САД вршат притисок да го прифатиме договорот со Израел

А1он

Вучиќ за негодувањето на САД што нови министри се на американската црна листа: Тоа е изборот на граѓаните на Србија

Предраг Петровиќ

ВИДЕО: Студентите на пропалестинските протести во Тексас се судрија со полицијата

Катерина Ѓуровски

Торнадото во Оклахома однесе најмалку два животи, четворица повредени

Претседателскиот кандидат Џил Стајн е уапсена на протест против војната во Газа

(ВИДЕО) Пропалестинските протести се шират на американските универзитети, десетици уапсени