ЕУ самата ќе ги оданочи „Гугл“ и „Фејсбук“ и без глобален договор

Од:

Европската унија е подготвена да воведе данок на дигиталните услуги на компании како „Гугл“, „Амазон“, „Фејсбук“ и „Епл“ дури и ако не се постигне глобален договор до крајот на годината, соопшти денес еврокомесарот за економија Паоло Џентилони .

Изјавата на Џентилони е реакција на повлекувањето на Соединетите Американски Држави од преговорите за глобално решение за оданочување на дигиталните услуги.

Американскиот Секретар за финансии Стивен Мнучин вчера објави дека САД се повлекуваат од разговорите бидејќи не е постигнат напредок.

„Исклучително ми е жал за одлуката на САД кои ќе ги блокираат меѓународните разговори за оданочување на дигиталната економија. Се надевам дека тоа е само краткорочен застој, а не дефинитивен крај,“ рече Џентилони.

„Европската комисија сака глобално решение за оданочувањето на корпорациите век и веруваме дека двојниот пристап на ОЕЦД е вистинскиот. Ако ова не е можно годинава тоа да се направи, ние јасно ставивме до знаење дека ќе дадеме нов предлог на ниво на ЕУ,“ истакна Џентилони. 

Би можело да ве интересира

Во тек се преговорите со откупувачите за новата реколта тутун

Државниот инспекторат за животна средина се врати во матичното Министерство

Триесеттина патници дневно на повторно воспоставената железничка линија Скопје-Куманово-Скопје

Што растеше побрзо – платите или цените?

Доналд Трамп назначи бизнисмен со српско потекло за шеф на државната банка

Koшта: ЕУ мора да биде вклучена во преговорите со Русија за завршување на војната во Украина