ЕК ја намали прогнозата за економскиот раст на Романија

Од:

Европската комисија значително ја намали прогнозата за економскиот раст на Романија за годинава од 2,8 проценти, колку што се очекуваше во јуни, на два отсто.

ЕК во пролетната прогноза објави дека очекува раст од 2,5 проценти.

Прогнозата на ЕК е попесимистичка од таа на Меѓународниот монетарен фонд и на Светската банка, кои очекуваат економски раст од 2,4 односно 2,7 проценти.

Прогнозата на ЕК за 2015 година исто така е намалена на 2,4 проценти од 2,6 во пролетниот извештај.

ЕК наведува дека и просечната годишна инфлација за годинава ќе биде 1,5 отсто, додека за 2015 и 2016 година – 2,1 односно 2,7 проценти.

Според прогнозата на ЕК економскиот раст на Романија во 2016 година треба да биде 2,8 отсто.

Би можело да ве интересира

ВИДЕО: Бизарна случка во Романија, мечка се појави на погреб

Романија и Бугарија делумно влегоа во Шенген зоната

Притвор за политичарот од Романија кој силувал малолетничка, дете на негова колешка

Романскиот претседател Клаус Јоханис ја објави својата кандидатура за шеф на НАТО

Земјотрес ја погоди Романија

Голем хакерски напад во Романија, над 100 здравствени установи останаа без интернет