ЕК им додели 33,5 милиоони евра на Франција, Грција и Полска за помош на стечајците

Од:

Европската комисија денеска издвои 33,5 милиони евра од глобализацискиот фонд со цел да им помогне на поранешните работници во Франција, Грција и Полска да најдат нови работни места, јави дописникот на МИА од Брисел. Според предлогот на Комисијата, Франција ќе добие 25,9 милиони евра, Грција – 6.4 милиони евра и за Полска следуваат 1,2 милиони евра од Европскиот фонд за прилагодување кон глобализацијата (ЕГФ).

Французите добиваат најмногу со цел да им помогнат на стечајците од авиокомпанијата „Ер Франс“, помошта за Грците е наменета за оние што останаа без работа од стоковните куќи „Фокас“, додека за Полска, средствата се наменети за прилагодување на вештините на работниците од „Фиат Ауто“ и на нив да им се олесни транзицијата во нови работни места. Предлозите се однесуваат на вкупно 5.263 работници (3.886 „Ер Франс”, 600 работници од стоковните куќи „Фокас” и 777 лица од „Фиат Ауто Полска”).

Комесарката за вработување, социјални работи, вештини и мобилност на трудот на Европската унија, Маријен Тисен, по овој повод истакна дека голем број на сектори и индустрии во Европа се соочуваат со големи структурни промени, како последица на глобализацијата. За таа цел, според неа, Европскиот фонд за прилагодување кон глобализацијата издвојува конкретна сума за помош, што е израз на европската солидарност.

– Ќе продолжиме да им помогаме на земјите-членки во реинтеграцијата на луѓето кои ги изгубиле своите работни места на пазарот на труд и да ги поддржуваме да ги прилагодат своите вештини. Преку овој фонд, ние се придружуваме до тоа да им помагаме на работниците кои се соочуваат со тешкотии во тешката транзиција за обезбедување нови работни места и имаме намера да се зголеми неговата ефикасност во текот на наредните години, истакна еврокомесарката Тисен.

Инаку, од отпочнување со работа во 2007 година, ЕГФ добил 130 апликации за помош, при што е побарана сума од 536 милиони евра за помош на повеќе од 116.000 работници. Во 2013 година, од овој европски фонд се издвоени повеќе од 53,5 милиони евра за поддршка на европските работници, а Фондот продолжува со функционирање и во периодот од 2014 до 2020 година, како израз на солидарноста на ЕУ.

Би можело да ве интересира

Гужва за влез во Грција: На Богородица се чека по еден час

А1он

Двајца Македонци осудени на по пет години затвор во Грција, внесувале фалсификувани лични документи

Грција воведува шестдневна работна недела

ВИДЕО: Уапсени двајца Срби, поранешни членови на „Пинк Пантер“ – оргабувале златарници во Атина

Полски министер за одбрана: Полјаците се огорчени кога гледаат млади Украинци во кафулињата

Горан Наумовски

Младо момче најавило самоубиствен напад за време на Олимписките игри во Париз