Две компании подигнаа документација на тендерот за продажба на ОХИС

Од:

Две компании подигнаа документација на тендерот за продажба на ОХИС. Крајниот рок за доставување на понудите е 14 ноември.

Ова е деветти тендер за продажба на ОХИС што го објавува Владата. Објектот се нуди за 14 илјади евра со услов да бидат задржани сите вработени и да се исплатат сите заостанати плати и придонеси.

Вработените, кои еден месец протестираат пред Владата барајќи исплата на заостанатите плати, не очекуваат премногу од тендерот, но истакнуваат дека е подобро фирмата да се продаде, отколку да оди во стечај.

Минатиот пат очекувавме многу, а ништо не излезе. Затоа сега сме малку внимателни и не знаеме што ќе се случи. Тоа го оставаме на Владата. Подобро е да го продаде ОХИС, отколку да оди во стечај, изјави Благоја Неделковски од синдикатот на ОХИС.

Вели дека доколку проблем за купувачите е превработеноста на ОХИС би можело да се разговара за некаков пакет за заминување на принуден.

Меѓутоа, ОХИС има висока старосна граница така што државата треба да ни дозволи пензионирање по стариот закон со пет години пред навршување на старосната пензија, односно пет години да можат под завод. Такви случаи во моментот има 220 кои можат веднаш да заминат штом го вратат законот, рече Неделковски.

Во ОХИС во моментот се вработени 800 вработени. Тврдат дека немаат земено вкупно 15 плати, осум од 2008 и седум од годинава.

Би можело да ве интересира

Се извезуваат последните контејнери контаминирана почва од ОХИС од „ЛОТ“ 3, почнува извозот од „ЛОТ“ 4

Пожар избувна во ОХИС, гори оџак и дрвна маса

A1on

Уште 80 тони опасен отпад од ОХИС се испратени на уништување во Франција

Катерина Ѓуровски

Првите количини на опасниот линдан од малата депонија од ОХИС заминуваат од нашата државата

(ВИДЕО) Ковачевски: Со отстранувањето на линданот од „ОХИС“ ги решаваме наследените еколошки проблеми

Ана Ололовска

МВР: Пожарот во „Охис“ го предизвикало лице што ја заварувало оградата, ќе следува пријава

A1on