Давутоглу: Лидерите на Г-20 со економијата ќе разгледуваат и политички теми

Од:

Независно од економскиот карактер на Г-20, на самитот, кој ќе се одржи во Турција од 15 до 18 ноември ќе бидат разгледани и политички прашања, изјави турскиот премиер Ахмет Давутоглу.

Во емсија на телевизијата ТРТ тој истакна дека лидерите на Г-20 ќе разговараат и за хуманитарните аспекти на бегалската криза.

– Тоа ќе биде мошне важна средба, која ќе се одржи во посебен период и тоа со раководна улога на Турција, рече Давутоглу, нагласувајќи дека светската економија забележува пад и има проблеми со вработувањето на младите луѓе, а трговските показатели се се помали од посакуваните.

Говорејќи за перспективата на новата Влада на Турција, која се очекува да биде формирана до крајот на месецот Давутоглу изјави дека една од основите насоки на работата ќе биде економијата.

Би можело да ве интересира

Спасени сите кои беа заробени на жичарницата во Анталија

А1он

На протестите во Турција загина маж, четири лица се повредени

Откриена причината за пожарот во ноќен клуб во Истанбул во кој загинаа 29 лица

(ВИДЕО) Голем пожар во Истанбул, најмалку 15 загинати

Горан Наумовски

ЕУ воведе забрана за летови на турската „Саутвинд Ерлајнс“ поради врски со Русија

Горан Наумовски

(ВИДЕО) Опозицијата во Истанбул со „Јутро је“ ја славеше победата на изборите

Горан Наумовски