Чекаме важни европски пари за обнова на економијата по ковид-кризата, вели Заев

Од:

Виенскиот економски форум е исклучително успешен и ја остварува својата мисија да биде точка за унапредување на регионалната економска соработка на земјите од Западен Балкан и Југоисточна Европа. Особено е важно што форумот на најкреативен и инспиративен начин ги поврзува политиките на владите од регионот и нивните амбиции и заложби помеѓу претставниците на бизнис заедниците, на земјите од овој дел на Европа, истакна премиерот Зоран Заев во своето обраќање на Виенскиот економски форум, посветен на Економскиот и инвестициски план за Западен Балкан.

-Словенија е еден од најголемите поддржувачи на нашиот евроинтеграциски пат и навистина е задоволство да се биде патрон заедно со нив. Особено кога се подготвуваат за претседалството со Европска Унија, на почетокот на месец јули, оваа година и нивниот фокус е на земјите од Западен Балкан за натамошен успех на нашиот интеграциски процес во текот на нивното претседателство, посочи Заев.

Премиерот Заев додаде дека истовремено Виенскиот економски форум е мост што ги поврзува раздвоените програми на државите на Западен Балкан и Југоисточна Европа со претставници на европски и светски претприемачи, кои имаат интерес за бизнис иницијативи во овие региони.

Тој објасни дека во последните четири години форумот ги интензивираше своите активности за популаризација и пормоција на можностите за инвестирање во регионот на Јадранот до Црно Море и го опиша како место на кое што се дефинираат потенцијалите за остварување ефекти од реализација на јавните и приватните интереси во врска со различните проекти во регионот, како дел од европеизација на регионот.

-Ова го нагласувам како многу важно, затоа што се совпадна со интензивирањето на евроинтеграциските агенди од Западен Балкан, во подготовката за финалните чекори за пристапување кон ЕУ. Се разбира ова посебно се однесува на Република Северна Македонија, која предолго е оставена пред вратите на ЕУ и ако ги исполни сите услови за почеток на преговорите по поглавја, за членство во ЕУ, што е безусловно потврдено од Европската комисија, како и од огромното мнозинство на земјите членки уште во март 2020 година, изјави премиерот Зоран Заев.

Тој им се заблагодари на сите земји членки на ЕУ кои ја даваат безрезервната поддршка овој процес да започне уште во текот на актуелното претседателство на Португалија со ЕУ. Комесарот Вархеј, како што истакна премиерот е комесар кој се обидува да помогне на сите земји за да го продолжиме процесот за евроинтеграција.

Во однос на фокусот на вниманието на европскиот инвестициски план кон Западен Балкан на овој настан, Заев истакна дека е од исклучителна важност, доаѓа во вистинско време кога земјите од регионот се подготвуваат за пост-ковид периодот на рехабилитација и на обнова и нов поттик на растечките економски трендови кои се успорени или запрени поради влијанието и последиците од пандемијата.

-Кога беше најавен економскиот инвестициски план се соочувавме со третиот бран на пандемијата и ние се организиравме како економија како да го искористиме ова да ги мотивираме нашите капитални инвестиции со парите резервирани за Западен Балкан, да го искористиме овој потенцијал во нашата економија, нашиот домашен потенцијал, но и на странските инвестиции. Креиравме дополнителни шест милијарди евра, што е плус на тоа што ќе го добиеме како дел од Западен Балкан, додаде премиерот во своето обраќање.

Заев ги охрабри сите земји да ја искористат кризата како потенцијал и можност, надевајќи се дека резулатите досега се добар пример и дека економијата е во добра состојба и ќе закрепнат од економската криза и пандемијата.

-Во првите четири месеци имаме 22 проценти раст во нашите приходи во споредба со минатата година, односно четири отсто во споредба со првите четири месеци во 2019 година. Извозот ни е за 30 проценти поголем од првиот квартал во 2020 година, односно 40 проценти поголем од првиот квартал во 2018 година. Нашата економија е многу поотпорна од онаа на ЕУ, бидејќи е многу флексибилна и затоа имаме многу странски инвестиции, што работат со поголем профит и оддржлив профит бидејќи имаме ниски трошоци и даноци, цената на материјалите е мала и сите учествуваме во економијата, посочи премиерот.

Со планот, како што истакна премирот Северна Македонија има инвестиција од 3,5 милиони евра во приватниот сектор, а работи и на правична транзиција.

-Не подоцна од 2019 година имавме во план да ги затвориме сите термоелектрани. Го започнавме тој процес многу успешно и во моментов започнуваме процес за фотоволтаици, хидроцентрали и за ветерници и дополнително на тоа имаме неколку инвестиции во енергетскиот сектор, заедно со се ова што се случува со економскиот инвестициски план од ЕУ, тоа што го спомена комесарот Вархеј, односно интерконекторите со Грција, Косово, Србија ќе го победиме монополот за гас и ќе имаме три нови понуди за гас од Азербеџан, Катар, течен природен гас од САД, нешто што треба да претставува иднина на североисточна Европа, истакна Заев.

Во овие услови, премиерот истакна дека главните инвестиции се фокусираат на гасот, но и други инфраструкурни конекции со европските земји, бидејќи тоа е европска инфраструктура, а како што посочи државниот секретар на Словенија, Западен Балкан претставува своевиден остров, опкружен со другите европски земји.

– Во таа насока ние сме целосно приспособени со стратегијата и плановите на ЕУ и сакаме да бидеме поуспешни од некои членки, тоа е позитивна конкуренција и сакаме да им покажеме на земјите членки на ЕУ дека ние целосно ги следиме европските одлуките и сме усогласени со европските процеси, истакна Заев во своето обраќање.

Европскиот економски инвестициски план според премиерот доаѓа во вистински момент за да понуди излез од економската катастрофа предизвикана од пандемијата и претставува добро време да се продолжи напред кон тоа што било предвидено да се постигне пред пандемијата.

-Сметам дека Западниот Балкан и сите ние заедно ќе биеме добар пример за тоа како ги следиме европските политики, ќе бидеме добар пример за инвестиции во обновливи извори, инфраструктура и за тоа како добро може да се помогне на економијата на европскиот континет, додаде Зоран Заев.

Премиерот Заев во своето обраќање на форумот заклучи дека со европскиот инвестициски план што распредели до девет милијарди евра за целиот регион во следните неколку години ќе се создаде солидна основа за идни перспективи на регионот.

Тој додаде дека е оптимист во однос на инвестициите во областа на транспортот, енергија, зелена и дигитална транзиција, што ќе создадат одржлив раст и работни места за младите луѓе што сакаат да ги задржат во регионот.

На форумот присуствуваа и еврокомесарот за соседна политика и проширување Оливер Вархеј, словенечкиот премиер Јанез Јанша, извршниот директор на Групацијата А1 Телеком Австрија, Томас Арнолдер и Петар Умундум, претседател на Виенскиот економски форум.

Би можело да ве интересира

Прв дијалог за човекови права меѓу ЕУ и Саудиска Арабија

Ана Ололовска

Молдавија сака приближување кон ЕУ

А1он

Заев-Олчак: Македонија има одлична бизнис клима и можност за развој на компаниите кои се ориентирани кон иновации

А1он

Бугарија за амбасадор во ЕУ го испраќа досегашниот заменик министер за надворешни работи, Румен Александров

А1он

Авганистанските жени и Навални меѓу номинираните за наградата Сахаров на ЕП

А1он

Расправа за Западен Балкан и правото на здрава животна средина, во центарот на Есенската сесија на ПССЕ

А1он