Цената на струјата ќе се покачи за 27% ако се прифатат барањата од сите субјекти: ЕВН ќе набавува струја и од слободниот пазар

Од:

Барање за цена поднеле МЕМО, МЕПСО и Електродистрибуција, но дел од барањата не се целосни бидејќи тендерот за набавка на струја за покривање на загубите на МЕПСО се уште не е реализиран. Регулаторната комисија нема да ги добие пресметките за новата цена на електрична енергија за граѓаните од ЕСМ додека не се завршат тие тендери.

– ЕСМ понудил 57 евра наместо 53 евра за мегават час и наместо обезбедување на 100% од вкупните потрошувачи, ќе се обезбедат 95% за малите домаќинства. Според нашите првични пресметки, доколку се прифатат барањата од сите, зголемувањето на електрична енергија би изнесувало 27%.

Од сега Регулаторна навлегува во анализи на барањата и очекувам дека до крајот на следна недела ќе ги донесеме цените за МЕПСО за пренос, за МЕМО за организирање на пазарот и за Електродистрибуција за дистрибуција на енергијата до потрошувачите. Потоа ЕВН ќе достави цена која треба да биде ја помине контролата во РКЕ и нашата одлука ќе биде обврзувачка за нив.

Ќе бидеме максимално транспарентни и нема да дозволиме граѓаните да почувствуваат ценовен шок благодарение на иновативните решенија кои ќе ги понудиме – истакна претседателот на Регулаторна комисија за енергетика, Марко Бислимоски.

Според него, ќе има зголемени трошоци за набавка на електричната енергија бидејќи ЕВН ќе ги набавува на слободен пазар оние 5% кои нема да му ги испорача домашниот ЕСМ, а цената во моментов е 130-140 евра за мегават час, односно многу повеќе од загарантираните 57 евра за мегават час.

Би можело да ве интересира

Левица го бара купопродажниот договор со ЕВН поради грабежот на граѓаните

Левица: ЕВН легално ги краде граѓаните преку сметките за струја

Предраг Петровиќ

Дефект на трафостаница во Тетово, без струја околу 5000 корисници

Левица: Владата кажа дека нема да го помага ЕСМ – цехот ќе го плаќаат граѓаните со поскапо парно

ЕСМ бара нова, повисока цена за парното

Горан Наумовски

Случајот „Адитив“ не е единствениот криминал во АД ЕСМ, вели Мицкоски