Левица: Владата кажа дека нема да го помага ЕСМ – цехот ќе го плаќаат граѓаните со поскапо парно

Од:

Неодамна министерката за финансии Гордана Димитриеска – Кочоска изјави дека не планираат да инвестираат во оваа државна компанија и ја упатија помош да бара од кредити во приватните банки, наместо да ѝ помогне Владата. Ваквиот неодговорен чин ги покажува првите ефекти – ЕСМ бара и до 20% зголемување за цената на парното и топлинската енергија во грејна сезона и во време на висока инфлација, велат од Левица.

„Министерката Кочоска, иако призна дека ЕСМ ја наследиле во долгови акумулирани од расипничкото работење на СДС и ДУИ – наместо да се иницира одговорност за претходните раководни кадри, граѓаните преку поскапо парно ќе ги плаќаат долговите од расипничкото работење.

Власта на Мицкоски со одлуката ЕСМ да ја надминува кризата со кредити кај банките и тајкуните, значи само дека товарот паѓа на грбот на граѓаните. Додека обичниот народ едвај врзуваат крај со крај, соочени со висока инфлација, раст на цените на прехранбените производи и мизерни плати, власта наместо да обезбеди стабилност во енергетскиот сектор – им подготвува нов удар врз џебот на граѓаните!

Со најавеното покачување на цената на парното за дури 20%, Владата покажува дека нема апсолутно никаква визија за зајакнување на енергетскиот сектор, ослободен од приватните интереси на крупниот капитал. Додека големите бизниси добиваат државни субвенции и даночни олеснувања, граѓанинот ќе плаќа поскапа топлинска енергија за спас на ЕСМ од расипничкото работење на претходните власти.

Левица апелира дека власта мора да изнајде механизми за стабилизација на енормниот раст на цените, откако преходно покачување имаше и на струјата, спротивно на најавите на власта на Мицкоски. Наместо поскапување на парното, власта треба да ги расчисти криминалите на претходната власт, која ја остави државната компанија ЕСМ во долгови и неможност да ги сервисира основните потреби на граѓаните“, тврдат од партијата.

Би можело да ве интересира

Левица: Додека Хаг осудува за воени злосторства „патриотите“ од ДПМНЕ нека се потсетат кој ги амнестираше „Хашките случаи“ во Македонија

Левица: Кого прави будала Јаневска?

А1он

Министерството за образование повторно ги крие бодовите за студентските домови, реагира Левица

Перински не може да исплати породилно отсуство навреме, ама ќе им праќал контроли на болните – ДПМНЕ го претвора Фондот во полиција за сиромашни, обвинува Левица

Левица предлага зголемување на студентскиот оброк со износ на 1% од минималната плата и да важи за сите студенти

Левица: Фотографии откриваат партиско агитирање за ДПМНЕ од членови на “независната” второстепена Комисија