Цената на Арапската пролет изнесува 614 милијарди неостварен раст

Од:

– Арапската пролет од 2011 година до сега регионот на Блискиот исток и северот на Африка го чинеше 614 милијарди долари неостварен раст, при што не ги искорени проблемите поради кои граѓаните се побунија, соопштија Обединетите нации, во првата анализа од овој вид што ја објавува светската организација.

Економската и општествена комисија на ОН за Западна Азија во својата проценка тргна од проекцијата на раст пред Арапската пролет, а ги вклучи и земјите во кои немаше директни политички судири но последиците од нередите во регионот се прелеале и врз нив во вид на доаѓање на бегалци, губење дознаки или пад на туристичката посетеност.

Востанијата во рамки на Арапската пролет, која почна во Тунис, доведе до смена на лидерите во пет земји и војни во Египет, Либија, Сирија и Јемен.

Во Сирија, каде антивладините протести прераснаа во граѓанска војна во која се вклучени и странски сили, загубата во падот на БДП и приходите од 2011 година изнесува 259 милијарди долари, наведува Комисијата на ОН, потсетува Би-Би-Си.

Во земјите во кои дојде до политичка транзиција, новите влади не ги спроведоа неопходните економски реформи за да ги искоренат проблемите кои и доведоа до нереди, се наведува во извештајот.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Се урна зграда во Египет, загинаа најмалку 10 луѓе

А1он

Пентагон му се заканува на Египет дека ќе ја прекине помошта доколку не го прифати планот на Трамп за Газа

Предраг Петровиќ

Либиските власти пронајдоа речиси 50 тела во две масовни гробници во пустината

Египет: Еден турист загина во напад на ајкула, а друг е повреден

(ВИДЕО) Товарен брод тоне во близина на египетскиот брег на Црвеното Море, се заканува голема катастрофа

Петмина преживеани пронајдени еден ден по бродоломот во Црвеното Море