(ВИДЕО) Се урна зграда во Египет, загинаа најмалку 10 луѓе

Од:

Најмалку десет лица загинаа, а осум се повредени при уривање на зграда во Каиро.

Амбулантни возила беа испратени на местото на настанот во работничкиот кварт Кердаса во Гиза. Тимовите за цивилна заштита трагаат по исчезнатите под урнатините, пишува Ал-Ахбар Ал-Јум.

Очевидци изјавија за весникот дека колапсот бил предизвикан од „експлозија на плинска боца“ и дека истрагата на полицијата е во тек.

Градежните прописи нерамномерно се применуваат и се спроведуваат во Каиро, дом на повеќе од 26 милиони жители.

Во последните години во египетската метропола се забележани неколку фатални уривања на згради.

Би можело да ве интересира

Водителка од Египет осудена на смрт со бесење

A1on

Најмалку 15 загинати во стравична автобуска несреќа во Египет

(ВИДЕО) Филмски грабеж на замрзнато пилешко во Египет

А1он

Напад во Египет: Дрон удри во американски танкер за гас во пристаништето Дамиета

Горан Наумовски

Патнички воз излета од шини во Египет, загинаа најмалку тројца – 94 се повредени

А1он

ВИДЕО: Египќаните фрлаат шишиња со храна во морето за да стигне до Газа

Предраг Петровиќ