Најмалку 15 загинати во стравична автобуска несреќа во Египет

Од:

Во сообраќајна несреќа со автобус во јужен Синај во Египет загинаа 16 лица, а 28 се повредени, соопштија властите.

– Несреќата се случи на патот помеѓу Дахаб и Нувеиба, соопшти Министерството за здравство.

Синајскиот полуостров во јужен Египет е популарна туристичка дестинација, особено за нуркање и нуркање со маска во Црвеното Море.

Првичните извештаи сугерираат дека автобусот се превртел. Засега не е познато како се случила несреќата, дали возачот ја изгубил контролата или имало контакт со друго возило.

На местото на настанот се бројни амбулантни возила, кои ги транспортираат повредените во болниците.

Исто така, засега нема информации дали станува збор за туристички автобус.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Филмски грабеж на замрзнато пилешко во Египет

А1он

Најмалку 10 лица загинаа во автобуска несреќа во Рио де Жанеиро

Тешка сообраќајка во Норвешка, се преврте туристички автобус, има повредени

Напад во Египет: Дрон удри во американски танкер за гас во пристаништето Дамиета

Горан Наумовски

40 повредени во автобуска несреќа во Чешка

(ВИДЕО) Страшна несреќа во Турција: Се преврте автобус со туристи, има мртви