Најмалку 48 лица се повредени денеска во судир со повеќе возила во градот Сеонгнам, јужно од Сеул, откако градски автобус удрил во повеќе од 30 возила што чекале на семафор, соопштија надлежните.
Во несреќата, која се случи во 7:34 часот по локално време во областа Бунданг, учествуваа четири автобуси, еден камион и 27 патнички автомобили. Автобусот конечно застана откако удрил во заштитна ограда, пренесува агенцијата Јонхап.
Меѓу повредените, шест лица се здобија со сериозни повреди, но никој од нив не е во животно загрозувачка состојба, изјавија официјални лица.
Со автобусот управуваше маж во своите шеесетти години, а полицијата не пронашла докази дека тој бил под дејство на алкохол.
Според полицијата, возачот изјавил дека му откажале сопирачките, а истражителите сега работат на утврдување на точната причина за несреќата.
