Трамп: Ги намалуваме вежбите со Сеул, испраќаме лош сигнал до Ким Џонг Ун

Од:

Американскиот претседател Доналд Трамп денес објави дека наредил значително намалување на заедничките воени вежби меѓу САД и Јужна Кореја, велејќи дека тие испраќаат „тотално несоодветен и непријателски сигнал“ до Северна Кореја.

Трамп ја оправда одлуката со, како што изјави, неговиот „многу добар однос“ со севернокорејскиот лидер Ким Џонг Ун.

„Не сум задоволен од фактот што САД одамна се согласија да учествуваат во заеднички воени вежби со Јужна Кореја“, напиша Трамп на социјалната мрежа Truth Social.

Според него, вежбите „не само што се скапи“, при што голем дел од трошоците ги плаќаат САД, туку испраќаат и сигнал кој е „тотално несоодветен и непријателски“ кон земја која, како што тврди, била неагресивна и фер за време на неговото претседателствување.

„Затоа, со оглед на фактот дека е предоцна да се откажат вежбите, му наложив на секретарот за војна Пит Хегсет значително да ги намали заедничките воени вежби“, рече Трамп.

Тој додаде дека неодамна го прашал претседателот на Јужна Кореја дали таа земја би сакала да им се придружи на САД во денуклеаризацијата на Иран.

„Тие рекоа: „Не, благодарам!““, напиша Трамп.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Трамп: Омразата меѓу Путин и Зеленски е главната пречка за мир, Украина ќе има поинакви граници

Трамп сакаше шефот на УФЦ да биде портпарол на Белата куќа, го одби

ВИДЕО: Новиот шеф на Белата куќа е креатор на најконтроверзните политики

Катерина Ѓуровски

(ВИДЕО) САД изведоа нови напади врз Иран. Трамп: Поставија некаков противвоздушен систем

ВИДЕО: Нов обид за атентат врз Трамп

Трамп ја прогласува Овалната соба во Белата куќа за национален споменик