Неколку лица се повредени откако автобус што превезувал десетици туристи одеднаш скршнал и излетал од патот во Норвешка.
Возилото се движело во централна Норвешка, во регионот Тренделенг, кога се превртел на кривина на автопатот Е6, во областа Намдален, известуваат локалните медиуми кои тврдат дека автобусот очигледно одеднаш скршнал надесно, а потоа излетал од патот на тревна површина.
Јавниот радиодифузен сервис НРК објави дека во автобусот во времето на несреќата имало 34 германски државјани. Неколку патници се повредени.
Службите за итни случаи брзо пристигнале на местото на несреќата, а четири лица биле однесени во болница. Две лица биле однесени во Намсос, додека две други биле однесени во Левангер, каде што наводно е прогласено највисоко ниво на тревога со цел да се регрутира дополнителен персонал, објавува The Sun.
