Најмалку 10 лица загинаа во автобуска несреќа во Рио де Жанеиро

Од:

Десет лица загинаа денес кога туристички автобус се преврте во планински регион на Рио де Жанеиро, Бразил, соопшти Федералната сообраќајна полиција.

Несреќата се случи околу 4:30 часот наутро по локално време, додека возилото се спушташе по планина кон Рио де Жанеиро, објави порталот „Гаучаж“.

Автобусот, во сопственост на компанијата „Естрела Гиа Туризмо“, сообраќаше од Бело Хоризонте до Копакабана, во јужната зона на Рио де Жанеиро.

Според пожарникарите, двајца од повредените лица се во сериозна состојба, а 12 други се здобиле со умерени повреди.

Причините за несреќата се утврдуваат.

Би можело да ве интересира

Суд во Бразил потврди отказ за работник кој 88 пати беше на боледување

Полицијата уби вооружен напаѓач кој два часа држеше деца како заложници

А1он

ВИДЕО: Уапсен сериски убиец во Бразил, тврди дека има 80 жртви

Трагедија кај Суш: Има загинати и повредени во автобуска несреќа

Најмалку 15 загинати во стравична автобуска несреќа во Египет

Тешка сообраќајка во Норвешка, се преврте туристички автобус, има повредени