40 повредени во автобуска несреќа во Чешка

Од:

Во директен судир меѓу два автобуса во близина на јужниот чешки град Знојмо повредени се 40 лица, од кои девет се тешко повредени.

Спасувачката служба соопшти дека челниот судир меѓу два регионални автобуси се случил од засега непознати причини, во сончево време, на сув пат меѓу Знојмо и Брно.

„На местото на несреќата им пруживме помош на 30 лица со полесни повреди, девет лица со умерени и тешки повреди. Спасувачката служба го активираше таканаречениот план за траума и ги информираше болниците дека носат голем број повредени лица“, изјави портпаролката на локалната брза помош Михаела Ботова.

Блиската Австрија веднаш понуди помош, но чешките спасувачи и брзата помош проценија дека 13 екипи на чешки служби опремени со хеликоптери се доволни.

Полицијата започна истрага и сè уште нема работна верзија за можните причини за несреќата.

Би можело да ве интересира

Мацинка: Чешка силно го поддржува што поскорото членство на Македонија во ЕУ

Најмалку 10 лица загинаа во автобуска несреќа во Рио де Жанеиро

Тешка сообраќајка во Норвешка, се преврте туристички автобус, има повредени

Хеликоптерска несреќа во Чешка: Има загинати и тешко повредени војници

Горан Наумовски

Силен земјотрес ја погоди Чешка

Горан Наумовски

(ВИДЕО) Страшна несреќа во Турција: Се преврте автобус со туристи, има мртви