Бугарија сака да се приклучи на „Јужниот гасен коридор“

Од:

Бугарија мора да стане дел од „Јужниот гасен коридор“, преку кој треба да се пренесува природен гас од Азербејџан до европските потрошувачи, изјави поранешниот бугарски министер за енергетија Трајчо Трајков во интервју за БТА.

– Во услови кога ситуацијата е динамична и одново се делат картите, Бугарија мора да преземе чекори со цел да најде ново место за себе, наведува Трајков, кој е член на раководството на владејачката партија Реформски блок.

Трајков оценува дека до определен момент Бугарија можела да има полза од гасоводот „Јужен поток“, но дека зголемувањето на трошоците за изградба на проектот ја довело во прашање исплатливоста на неговата реализација.

– Ако бараме економска логика (во „Јужен поток“), неа ја нема… Независно дали проектот ќе се нарекува „Јужен поток“ или „Турски поток“, тој претставува скапа инвестиција во дополнителна инфраструктира, од која објективно нема потреба, вели Трајков, кој беше бугарски министер за енергетика од 2009 до 2012 година.

Би можело да ве интересира

Бугарската амбасада во Албанија донираше во општина Пустец: „Секоја донација без задни намери е добредојдена“

А1он

Бугарија гради база за прием на авиони Ф-16

Експлодираше гасовод во регионот на Харков

ВИДЕО: Бугарија повторно има преодна влада, на избори оди на 9 јуни

Романија и Бугарија делумно влегоа во Шенген зоната

Нов земјотрес ја стресе Бугарија