Бизнис форум: Дигитализација во Македонија по примерот на Естонија

Од:

Македонија да ги искористи искуствата на Естонија за да го подигне нивото на дигитализација, но и да научи од оваа мала економија како се повлекуваат средства од европските фондови, беше речено на денешниот бизнис форум во Стопанската комора.

Форумот го најави скорешното воведување на директната авио-линија Охрид – Талин и испрати порака за нужно интензивирање на деловната соработка меѓу двете земји со оглед дека за тоа нема никаква реална пречка, ниту постојат отворени прашања.

Како да се спречи одливот на младите, едуцирани кадри, истакнаа учесниците, мора да биде приоритет и во Македонија и во Естонија.

– Естонија има слична ситуација како нас, а многу подобри резултати. Со агресивната политика на дигитални технологии, се наметна како сериозен партнер на европската економија. Ако ние тука, во овој сегмент, не направиме максимални напори за да бидеме конкуреннти, ќе ја срушиме својата сопствена предност во однос на големите економии – да бидеме попаметни, подобри и покреативни како извор на сервиси. Дигитализацијата, ведно, е високо на агендата на ЕУ, изјави претседавачот на Собранието на Стопанската комора на Македонија Антони Пешев кој е домаќин на естонската делегација.

Според него, трговската соработка со Естонија досега се одвиваше инцидетно, неорганизирано и без стратегија. Иако македонската страна бележи позитивно трговско салдо и суфицит од околу три милиони долари, примерот не е дооволно добар.

Дека размената е мала и несоодветна на можностите, се согласи и амбасадорот на Естонија Вајно Реинарт.

– До пред три години размената беше ограничена на 400.000 евра. Но, оттогаш до сега се зголеми за 15 пати. Достигна шест милиони евра. Ова е значителен напредок, но можеме уште повеќе, потенцира амбасадорот.

Стопанствениците од Естонија ценат дека Македонија има поволна даночна политика, а бараат партнери за соработка главно во прехранбената индустрија и земјоделството.

Во однос на увозот и извозот, Македонија во Естонија најмногу пласира електрични спроводници, а увезува конзервирана риба.

Би можело да ве интересира

Естонија и Молдавија избраа евровизиски претставници

А1он

Русија распиша потерница за естонската премиерка

Поради доаѓањето на Лавров, Естонија, Летонија и Литванија го откажаа учеството на Самитот во Скопјхе

Орце Костов

Естонија ја обвини Русија дека го поттикнува приливот на мигранти

Горан Наумовски

Балтичките земји ги затворија границите за сите руски автомобили

Русија го намалува нивото на дипломатските односи со Естонија

А1он