Бил Гејтс повторно најбогат човек во светот

Од:

Основачот на „Мајкросфт“, Бил Гејтс повторно се најде на првото место на листата на најбогатите луѓе во светот на агенцијата Блумберг.

Педесет и седумгодишниот Гејтс ја поврати титулата „најбогат човек во светот“, откако од почетокот на годинава акциите на „Мајкрософт“ пораснаа за 28 отсто.

Гејтс, кој последен пат беше лидер на оваа листа во 2007 година, сега има богатство од 72,7 милјарди долари или за 16 отсто повеќе во однос на лани.

Ланскиот „шампион“, 73-годишниот мексикански инвеститор Карлос Слим годинава се најде на второто место, како резултат на падот на вредноста на неговиот мобилен оператор „Америкас Мобил“ за 14 проценти.

Блумберг проценува дека сега богатставото на Слим за над три милијарди долари помало во однос на лани.

Би можело да ве интересира

Самир Мане – првиот милијардер од Западен Балкан на листата на Forbes

Предраг Петровиќ

Форбс: Светските милијардери помлади од 30 години го наследија своето богатство

Осуммина од десетте најбогати луѓе во светот се Американци

Жарко Настоски

Форбс: Електричните автомобили од Кина ќе доминираат на светскиот пазар

А1он

Форбс: Поради Ковид-19, 226 лица веќе не се милијардери

Ана Ололовска

(ВИДЕО) Стоилковски: Од 31. место во 2014, Македонија падна на 68. оваа година на листата „Форбс“

Наум Локоски