Берлин го поздрави договорот меѓу Русија и Грција за „Турскиот поток“

Од:

Министерот за финансии на Германија, Волфганг Шојбле позитивно го оцени можниот договор за изградба на крак од гасоводот „Турски поток“, кој преку Грција, Македонија и Србија би влегол на територија на ЕУ во Унгарија, јави дописникот на МИА од Берлин.

Според весникот „Шпигел“, Шојбле во Вашингтон на средбата на Меѓународниот монетарен фонд (ММФ) и Светската банка викендов изјавил дека му е „драго за Грција, доколку е тоа така“ и дека се надева на постигнување договор меѓу Атина и Москва.

Шојбле смета дека треба да се поддржи се што може да и помогне на Грција, но истовремено изјави дека нема детали за договорот кој мора да биде во согласност со строгите правила на ЕУ за дистрибуција на енергенси.

Руските медиуми пред неколку дена објавија дека за поддршка при изградбата на гасоводот „Турски поток“, Грција од Русија може да добие заем во висина од пет милијарди евра.

Според германскиот весник, кој цитира неименувани извори, договорот би можел да биде потпишан уште утре.

Иако претставници на Европската комисија пред две недели беа присутни во Будимпешта на состанокот на заинтереисраните земји од регионот на потпишувањето на меморандум за соработка при изградба на гасоводот, сепак ЕУ се уште не дала зелено светло за нова руска енергетска експанзија на Балканот и Централна Европа.

Германските позитивни коментари навестуваат дека сепак Русија која што за разлика од проектот „Јужен поток“, сега нема да биде сопственик и на гасот и на дистрибутивниот систем, ќе добие дозвола за извоз на своите енергенси во Унгарија, Австрија и други членки на ЕУ.

На почетокот на март претставници на германското Министерство за надворшени работи за МИА изјавија дека „блиските врски што земјите од западен Балкан ги имаат со Русија не се спротивни на напорите за понатамошно приближување кон Европската унија“, со што практично може да се заклучи дека доколку се почитуваат правилата на Европската енергетска заедница каде членка е и Македонија, нема проблем и нашата земја да стане дел од еден од најголемите енергетски проекти во Европа во пoследните неколку децении.

Би можело да ве интересира

Русија распиша потерница по Зеленски

Катерина Ѓуровски

Русија: Украинците подготвуваат напад на мостот на Крим, Западот им помага, а одмаздата ќе биде погубна

А1он

Изгореа 20 станбени и комунални згради во југоисточната руска република Бурјатија

Алаудинов: Ќе го уништиме НАТО до 2030 година

Додик отпатува за Русија

Полска е подготвена да распореди нуклеарно оружје на НАТО на своја територија