БЕГ со мерки на претпазливост: Посетите во наплатните центри да се сведе на минимум

Од:

Групацијата Балкан енерџи груп АД Скопје (БЕГ) воведува мерки на претпазливост со цел превенција и заштита на вработените и потрошувачите во согласност со препораките од Министерството за здравство, Владата и СЗО за справување со заканата од корона вирусот.

-Почитувајќи ги во целост препораките за превенција од ширење на корона вирусот од последната владина седница, а со цел да обебеди сигурна и непрекината испорака на топлинска енергија до потрошувачите, компанијата во следниот период ќе работи со редуциран број на извршители, велат од БЕГ.

Со цел намалување на заканата за ширење на вирусот, додаваат, апелираме до потрошувачите да ги почитуваат и да се придржуваат кон препораките од Министерство за здравство, http://zdravstvo.gov.mk/, Владата, https://vlada.mk/ и Светската здравствена организација, https://www.who.int/.

-Потрошувачите посетите во деловната зграда на компанијата и наплатните центри да ги сведат на минимум, освен за неодложни барања и услуги, да ги користат електронските комуникациски канали на компанијата поставени на веб страницата https://beg-snabduvanje.com.mk/ за електронски плаќања и поднесување на барања, електронската пошта [email protected] за сите потребни информации или да се обратат во Центарот за грижа на потрошувачи на телефонските броеви 02 3076 200 и 075/400-100, посочуваат од БЕГ.

Би можело да ве интересира

Научниците алармираат поради новата варијанта на Ковид-19

Горан Наумовски

Прва тужба во Германија поради последиците од вакцината против корона на Фајзер

Ана Ололовска

Кинески научник: Можно е пандемијата да започнала со истекување на вирусот од лабораторија

Ана Ололовска

СЗО прогласи крај на пандемијата на коронавирус

Ана Ололовска

Шефот на СЗО: Не можеме да знаеме како настанала короната додека Кина не ги објави своите податоци

Ана Ололовска

Се појавија нови информации за потеклото на короната: СЗО бара Кина да ги објави

Катерина Ѓуровски