Азески: Бизнисот успеа да опстане, сега му треба силен инпут

Од:

Компаниите кои инвестираат во развој, иновативни решенија и дигитализација на процесите со примена на меѓународно признатите стандарди мора да бидат поддржани во пост-КОВИД периодот и со тоа да им се одаде признание како се понесоа во една од најтешките кризи. Бизнисот успеа да опстои и она што им е сега потребно на фирмите е силен импут, вели претседателот на Стопанската комора на Северна Македонија, Бранко Азески.

Делегација предводена од Азески ја посети акредитираната лабораторија на компанијата „Макпетрол“ која постои 15 години и во која се вложени 2,3 милиони евра.

– Во новата стратегија на Комората најзначајно место ќе имаат токму институциите што имаат највисоки професионални стандарди, што инвестираат во напредни технологии и создаваат производи со додадена вредност со што ја зголемуваат конкурентноста на македонската економија. Бизнисот успеа да опстои и она што им е сега потребно на фирмите е силен импут. Затоа преку директните средби во објектите ги гледаме нивните потреби, но и барањето во кој правец ќе одиме, а ќе одиме во правец на отворање инвестициска активност за создавање производи со додадена вредност, констатира Азески.

Претседателот на Управниот одбор на „Макпетрол“ Скопје Андреја Јосифовски ги запозна присутните со капацитетот и моќта на акредитираната лабораторија за анализа на течни горива. Првичната акредитација, како што рече, е од Британското акредитивно тело и работи согласно стандардот ISO/IEC 17025, секогаш има арбитражен примерок во случај на спор и овозможува целосна тајност, независност и доверливост во постапката.

-Лоцирана во најголемиот склад на „Макпетрол“ во општина Илинден, првично акредитирана од Британското акредитивно тело, а подоцна и од страна на домашната служба за акредитација на вакви лаборатории, работи по сите стандарди и е опремена на највисоко ниво, а се правата анализи и на био горивото. Контролите се вршат освен за сопствените производи и за надворешни партнери, а пред се висок рејтинг има за контрола на квалитетот на горивата во земјите од регионот, но и за домашните институции по доставени примероци од пазарната инспекција. Лабораторијата има воспоставена соработка и со меѓународни лаборатории, и со нафтени компании кои го контролираат квалитетот на своето гориво во лабораторијата, посочи Јосифовски.

Би можело да ве интересира

Ковачевски: СДСМ заедно со бизнис секторот ќе ја исполни целта за европска и развиена економија

Признание за „Макпетрол“ како еден од најголемите поддржувачи на СОС Детско Село

Со поддршка од „Макпетрол“ и во Кочани ќе се одржат работилници против врсничко насилство

А1он

Каратистите на „Макпетрол” ја отвораат сезоната со учество на светската лига во Атина

„Макпетрол“: Ученици од 40 училишта се здобија со знаења за врсничкото насилство

Три медали за каратистите на „Макпетрол” на Балканското првенство во Љубљана