Атина оптимист дека ќе постигне договор за реформите со еврозоната

Од:

Атина е оптимист во врска со постигнувањето договор за економските реформи со своите колеги од еврозоната на почетокот на следната недела, со што ќе се деблокираат итно потребните финансиски средства.

– Верувам дека на почетокот на следната недела ќе имаме договор за пакетот реформи кои ги предлага грчката Влада, како и за финансирање на земјата, изјави грчкиот министер за економија Јоргос Статакис за телевизијата „Антена“.

По минатонеделните разговори со лидерите на ЕУ, вклучувајќи ја и германската канцеларка Ангела Меркел, официјална Атина вети дека до понеделник ќе претстави пакет реформи во надеж дека ќе се деблокира помошта и ќе се избегне банкрот.

Сепак, Статикис не прецизираше кога ќе биде испратена листата.

Реформите се чувствително прашање за левичарска Влада на премиерот Алексис Ципрас, која дојде на власт во јануари, ветувајќи дека ќе стави крај на политиката на штедење. Се уште не е познато дали тие ќе ги вклучуваат мерките договорени од страна на претходната конзервативна Влада, како што се приватизацијата и реформите во пензискиот систем.

Претставници на Еврозоната јасно и дадоа до знаење на Атина, која од 2010 година преживува со финансиска помош од 240 милијарди евра од ЕУ и ММФ, дека нема да добие понатамошна помош се додека реформите не бидат одобрени од страна на министрите за финансии на еврозоната.

Грчките и светските медиуми, повикувајќи се на извор запознат со финансиската состојба на Грција, деновиве јавуваат дека Атина ќе снема пари на 20 април.

Би можело да ве интересира

Гужва за влез во Грција: На Богородица се чека по еден час

А1он

Двајца Македонци осудени на по пет години затвор во Грција, внесувале фалсификувани лични документи

Грција воведува шестдневна работна недела

ВИДЕО: Уапсени двајца Срби, поранешни членови на „Пинк Пантер“ – оргабувале златарници во Атина

Земјотрес го погоди денеска грчкиот остров Самос

Преспанскиот договор оспорен во предизборието, анализира грчки Катимерини

Александар Тодески