Анкета: Мнозинството Германци се за заминување на Грција од еврозоната

Од:

Поголем број од Германците се изјанија Грција да ја напушти еврозоната, покажуваат резултатите од анкетата на германската телевизија ЗДФ, според која 52 отсто од граѓаните на Германија ја заговараат таа опција и сметаат дека Владата во Атина е несериозна.

Тоа е за 11 проценти повеќе во споредба со анкетата од пред три недели. Само 40 отсто од Германците изјавиле дека Грција треба да остане во еврозоната.

Пред три недели за останување на Грција во еврозоната се изјасниле 52 проценти од испитаниците.

Покрај недоразбирањата поврзани за финансиската поддршка на Грција за санирање на нејзините финансии, меѓу двете земји постојат и различни ставови за репарацијата од Втората светска војна.

Би можело да ве интересира

Гужва за влез во Грција: На Богородица се чека по еден час

А1он

Германија стравува дека утре ќе избијат немири, илјадници полицајци пристигнуваат во Берлин

Меѓународниот суд на правдата нема да и наложи на Германија да го запре извозот на оружје за Израел

Горан Наумовски

Двајца Македонци осудени на по пет години затвор во Грција, внесувале фалсификувани лични документи

Русин со нож усмрти двајца Украинци во Германија

Грција воведува шестдневна работна недела