Анѓушев во Чешка: Има можности за зголемување на соработката и повеќе инвестиции

Од:

Можности за проширување на економската соработка со Чешката Република има, особено во делот на пласирање домашни производи во оваа земја, интензивирање на соработката меѓу компании од двете држави, како и за чешки инвестиции во Северна Македонија.

Ова, како што соопшти кабинетот на вицепремиерот Кочо Анѓушев, е посочено на состанокот што во Брно го имаше со вицепремиерот и министер за трговија и индустрија на Чешка, Карел Хавличек, со кого разговараа за досегашната економска соработка помеѓу двете земји, како и за потенцијалите за зголемување на трговската размена, можностите за инвестирање и енергетските реформи во Северна макеоднија.

-Веќе имаме пример на чешка инвестиција, тоа е компанијата Локотранс, која има најавено дека ќе гради фабрика за шински возила во нашата држава. Се обидуваме да привлечеме и други компании, не само да градат, туку и да бидат купувачи на производите од нашите индустриски капацитети. Денеска и утре ќе имаме средби со бројни компании во Чешка и мислам дека ќе имаме добар развој на соработката и економската размена меѓу нашите две земји, изјави вицепремиерот Анѓушев по средбата со Хавличек.

Чешкиот вицепремиер Хавличек изрази задоволство од одржаниот состанок и добиените информации за инвестициските можности во Северна Македонија, особено за условите за инвестирање во технолошко-индустриските развојни зони.

-Дефинитивно би сакале да ги дискутираме условите за инвестирање во ТИРЗ во Северна Македонија со сите претставници на чешките претприемачи, Стопанската комора и Конфедерацијата на индустрии, затоа што верувам дека многу чешки компании ќе бидат заинтересирани за производни активности во зоните, нагласи Хавличек.

Вицепремиерот Анѓушев и владината делегација остварија куса средба и со претседателот на Владата на Република Чешка, Анреј Бабиш, при што се заблагодарија за поддршката за евроинтеграциските процеси на нашата земја и за исклучително значајната прилика да се изврши презентација на инвестициските потенцијали на Северна Македонија пред чешките компании.

Анѓушев, заедно со министерката за странски инвестиции Зорица Апостолска, министерот задолжен за унапредување на правната регулатива за домашни компании Хисен Џемаили и директорот на Дирекцијата за технолошко индустриски развојни зони Александар Младеновски, се во работна поста на Брно, Република Чешка, каде што се одржува најголемиот инжинерски саем во Централна Европа.

По обиколка на саемот, на кој се присутни преку 1600 компании од Чешка и целиот свет, министерката Апостолска и министерот Џемаили посочија дека во овие два дена, за време на посетата на Брно, ќе имаат средби со повеќе компании на кои ќе ги презентирани условите за инвестирање во земјава, при што се надеваат дека некоја од компаниите ќе изрази интерес за посета на Северна Македонија.

-Ова е одлична можност да ги претставиме нашите иневстициски и економски политики, поволностите за инвестирање. Независно од тоа што привршуваат разговорите со една голема чешка компанија, со инвестиција од околу 20 милиони евра, ги отвораме вратите и за останатите чешки компании во Република Северна Македонија, рече министерката Апостолска.

Џемаили истакна дека чешката страна изрази интерес за зголемување на присуство на чешките компании на македонскиот пазар, со што се согласивме да ја интезивираме и зголемиме размената на искуства и почестите состаноци меѓу двете држави.

Би можело да ве интересира

Меџити, Гаши и Касами ги продолжуваат средбите со конгресмени во Вашингтон

А1он

Ирскиот премиер Варадкар во посета на Македонија

А1он

Ангел Анѓушев од Грин Машинс на Бизнис форум во Тирана: На команиите од регионот им треба државна поддршка за технолошки напредок и јавни набавки кои се транспарентни и конкурентни

Џафери не смее да излезе од Македонија: Зошто собранискиот спикер не патува истовремено со претседателот

Орце Костов

Анѓушев на европски форум за енергија во Атина: Потребни се технички решенија за енергетската криза

Министерот за туризам на Грција: Во јули имавме над 900 000 пристигнувања седмично

А1он