(АНАЛИЗА) Што испорача ММФ: Понизок долг и рационално тршење!

Од:

Итна фискална консолидација, рационализација на трошоците поврзани особено со ставката стоки и услуги. Годинава, и по реблалансот на Буџетот, можно е ново продлабочување на буџетски дефицит. Бизнис заедницата смета дека новиот Извештај на ММФ, кој ја скенира вкупната економија, треба да се сфати сериозно. Економистите упатуваат на забелешките поврзани со Јавниот долг кој достигна 3,9 милијарди евра.

Јавниот долг мора да се намали…

Дел од бизнис заедницата оценува дека новиот Извештај на ММФ содржи сериозни препораки и оценки кои не можат да се игнорираат, особенно во делот на јавниот долг, односно буџетските трошења поврзани со непродуктивните проекти. Одговорност за ваквите оценки, подеднакво треба да ја сносат двата коалициски партнери во власта, Вмро-Дпмне и ДУИ, вели Неби Хоџа од Стопанска Комора на Македонија.

„Секако дека да и двата коалициски партнери се  подеднакво носители и на пофалбите и на критиките кои се испорачани во извештајот на ММФ“, вели Хоџа и посочува дека Комората на северозапдна Македонија постојна повикува на рационално трошење на буџетските пари, кои според Хоџа, повеќето се трошат и се делат по етнички клуч.

Во опширната верзија на Извштајот, голем дел од препораките се посветени на Јавниот долг. Директорскиот борд на ММФ бара итна консолидација на јавниот финанасии.

„Фискалниот простор што беше изграден во текот на годините пред кризата во голема мера веќе е исцрпени од 2008 година па наваму. Заедно со бенефициите од  силниот економски раст, Македонија создаде доста голем фискален простор во годините пред светската финансиска криза со одржување на балансирана фискална позиција и влезе во кризата со еден од најнискките стапки на долг на  општата Владата долг и БДП во однос на другите  европски земји.  Од 2008 година, се случува пресврт како одраз на фискалната  поддршка за економијата, но и на политички избори и ниски приходи“, се вели во Извештајот и се додава:

„Фискална консолидација треба да биде приоритет. Државниот долг во однос на БДП речиси двојно се зголеми од 2008. Во светлината на економското закрепнување ,  демнат ризици со кои економијата  се соочува,  фискалната консолидација треба да се засили“.

Според последните податоци на Министерството за финансии, вкупниот Јавен долг изнесува 3,9 милијарди евра или 43,7% и во последните седум години тој е во постојан раст. Домашната економска јавност во конитнуитет предупредува на две две работи кои се клучни за задолжувањата. Прво, со какво темпо се задолжува Македонија и второ, каде се трошат тие пари.

Задолженоста мора да се анализира во пакет со очекувања за економски раст, односно колку економијата ќе расте, а со тоа и колку ќе биде финансиски способна да ги враќа долговите. Со сегашните стапки на раст на БДП кои  се движат колку 3 или 3,5 отсто, позначаен исчекор не може да се очекува ниту за граѓаните, ниту за компаниите, оцени неодамна стопанстеникот Горан Рафајловски.

„На Македонија и е потребна стапка на раст од најмалку 8% до 10%. Сметам дека единствено овие стапки ќе значат и вистински пораст за економијата. Но важно е дека тие треба да се одржуваат во континиутет од повеќе години за граѓаните да почуствуваат подобар животен стандард, подобра финансиска кондиција за команиите, зголемување на кредитирањето” – смета Рафајловски.

Спред  дел од економистите што ги консултираше “Порталб“, судејќи според Мастришките критериуми, Македонија сеуште е во групата на умерено задолжени економии, но прашањето екоја е горната граница над кој не може да се оди.

„Ние не треба повеќе да се задолжуваме бидејќи нивото од 60% на јавен долг во однос на БДП е преголема за Македонија.  Дополнително, туку е и забрзаната динамика на задолжување. Мора да се внимава на кондицијата на економијата во иднина навремено да може да ги сервисира долговите“, коментираат дел од економистите.

Кај економсиот раст, ММФ нотира натамошни позитивни резултати, но проследени со сериозни ризици, како внатрешни, така и надворешни.

„Отстапувањето од неодамнешниот политички договор би можело негативно да влијае на економската клима и растот. На среден рок, ова исто така може да го искомплицира отворањето на преговорите за пристапување кон ЕУ, кое останува во ќор-сокак девет години поради спорот за името со Грција. Покрај тоа, прелевањето на ризиците од продолжена и длабока криза во Грција може значително да го намалат растот“, се вели во оценката на ММФ.

Директорите на ММФ ја нотираат и намерата на Владата преку усавни измени да постави максимална граница за задолжување.

„Планираните фискални правила кои се очекуваат да бидат оперативни од 1 ви јануари 2017 година, ќе го ограничат вкупниот буџетски дефицит на 3% од БДП а, јавниот долг на 60% од БДП. Меѓутоа, со оглед на фиксниот курс на денарот, пониска граница на јавен долг ќе овозможи на Македонија да создаде поголем фискалаен простор кој би бил потребен за справување со макроекномските шокови и да ги апсорбира на среден рок притисоците од потршувачката“, се вели во извештајот со образложение дека без промени во политиката, дефицитот најверојатно ќе остане над 3 отсто. Државниот долг на среден рок ќе  се зголеми на 45 проценти од БДП до 2020 година. Пошироко, долгот на јавниот сектор ќе достигне 54 отсто од БДП.

Според Меѓународниот Монетарен фонд , годинава се очекува раст од 3,2%, кој ќе биде условен од домашни и надоврешни влијанија поврзани со внатрешната политичка криза и со еконмската криза во Грција.

Анализа на Порталб

Би можело да ве интересира

Во медиумите во Македонија работат 2.100 луѓе, 20% од редовно вработените се во онлајн медиуми

Орце Костов

Средби со Светска банка: Светска банка со поддршка на реформските активности на Народната банка за пристапување кон СЕПА

МФ: ММФ го објави извештајот од Мисијата за член IV и ПЛЛ – Економијата зајакнува поттикната од јавните инвестиции, инфлацијата се намалува, се остваруваат фискалните цели

ММФ: Доброто водење на монетарната политика придонесе кон намалување на инфлацијата

Горан Наумовски

ММФ: Македонската економија се опоравува, од суштинска важност намалување на емиграцијата и поттикнување на продуктивноста

ММФ ја предупреди Европа: Не се радувајте предвреме