МФ: ММФ го објави извештајот од Мисијата за член IV и ПЛЛ – Економијата зајакнува поттикната од јавните инвестиции, инфлацијата се намалува, се остваруваат фискалните цели

Од:

Зајакнување на растот во 2024 година, поттикнат од планираните јавни инвестиции особено почетокот на изградбата на автопатските делници од Коридорите 8 и 10д. Постепено намалување на инфлацијата. Остварени фискални цели. Јавен долг со изгледи да остане на одржливо ниво и согласно фискалните правила од усвоениот Закон за буџети, и навремено сервисирање на обврските навремено. Буџетски дефицит реализиран пониско од планираното. Ова стои во заклучокот на извештајот на Меѓународниот монетарен фонд за член IV и првиот преглед за Линијата за претпазливост и ликвидност, што го објави ММФ.

ММФ наведува дека во Буџетот за 2024 година, усвоен во Собранието, буџетскиот дефицит е проектиран на пониско ниво (3,4% од БДП) и препорачува да се продолжи со фискалната консолидација и доближување на нивото на дефицит со утврденото фискално правило од Законот за буџети на 3% од БДП. Планираните расходи во Буџетот се на сметка на капиталните инвестиции и го поздравуваат зголемувањето на планираните капитални расходи во Буџетот и сметаат дека таквото темпо треба да продолжи во иднина. Исто така, според ММФ важно е создавање бафери за можност да се реагира на ризиците и да се обезбеди таргетирана поддршка за справување со енергетската криза на ранливите категории граѓани. Расходите за плати да се движат во рамки на договореното со Општиот колективен договор, а клучно ќе биде и претпазливоста во трошењата во изборниот период.

ММФ очекува забрзување на економската активност во 2024 година проектирана на 2,3% и 3% во следната година. Клучни двигатели ќе бидат домашната потрошувачка и реализацијата на јавните инвестициите. Клучни за обезбедување силен, одржлив раст, кој ќе ја поддржи земјата на нејзиниот евроинтеграциски процес, се реформите насочени кон зајакнување на инвестициите, продуктивноста, зелената транзиција како и намалување на емиграцијата. Тоа ќе се постигне преку подобрување на деловното опкружување и владеење на правото, намалување на неформалната економија.

Според ММФ ризиците главно се поврзани и произлегуваат од геополитичките тензии, нестабилноста на цените на суровините, како и претстојните изборни активности.

Мисијата на Меѓународниот монетарен фонд (ММФ), се спроведе во период од 31 октомври до 1 ноември 2023 година во рамки на кој се направи првиот преглед во рамки на Линијата за претпазливост и ликвидност и консултациите во однос на членот IV за 2023 година. Врз основа на заклучоците од оваа Мисија беше одобрен пристап до втората транша од Линијата за претпазливост и ликвидност во износ од 200 милиони евра, што беше потврдено и од Бордот на директори на ММФ. Консултации по членот IV се редовни и се спроведуваат на период од една година.

Би можело да ве интересира

Инфлацијата во мај зголемена за 0,9 проценти во однос на април

„Владата дава 100 евра по жител за растеретување на инфлацијата“: Се шири нов линк за измама на граѓаните

Орце Костов

Се поскапо станува одењето по ресторани и кафеани

Инфлацијата во април зголемена за 0,7 проценти во однос на март

Средби со Светска банка: Светска банка со поддршка на реформските активности на Народната банка за пристапување кон СЕПА

Николоски на средби во СБ – Продолжуваме со спроведување на реформите дефинирани со нашите партнери, 695 милиони долари поддршка од СБ