„Владата дава 100 евра по жител за растеретување на инфлацијата“: Се шири нов линк за измама на граѓаните

Од:

На социјалните мрежи се шири нов линк од сајтот „vlada-mk.com“ преку кој измамници се обидуваат да дојдат до податоците од платежните картички на македонските граѓани.

Овој таргетиран „фишинг“ напад продава информација дека македонската Влада наводно дава 100 евра по жител за да се „растерети“ инфлацијата.Сајтот е доста убаво направен, а доменот доволно сличен кон оригиналниот за да збуни некој што не се разбира во истото.

Веста за сајтот ја соопшти Горјан Јовановски, творецот на платформата Мој воздух- AirCare, кој е пионер во информирањето за состојбата со загадувањето на воздухот во земјава.

Владата информираше дека нема испратено пораки за надомест и граѓаните да не наседнуваат на измамата и да не внесуваат лични податоци на веб страната.

„Ја информираме јавноста дека Владата на Република Северна Македонија НЕМА испратено СМС и други пораки во кои нуди надомест. Во конкретниот случај кој се појави во изминатите часови (прикажан на сликите подолу), станува збор за смишинг и фишинг измама која е пријавена и по која соодветните служби веќе постапуваат.

Доколку граѓаните добијат или веќе добиле порака со ваква или слична содржина во која се посочува Владата како испраќач, истата треба да ја сметаат за лажна и да не кликаат ниту на дадените линкови, ниту да одговараат на пораките кои ги добиле.

Апелираме до граѓаните да не наседнуваат на лажни пораки од странски телефонски броеви и мејлови и да не ги даваат личните податоци. Граѓаните треба да бидат внимателни и одговорни околу своите лични податоци, односно да не ги споделуваат и разменуваат со непознати лица, како и со лица на кои не може однапред да им се утврди идентитетот“, соопштија од Владата.

Со почит,

Би можело да ве интересира

Инфлација во јули мерена преку индексот на трошоците на живот изнесува 2.3 %

ПР-службата на Владата не е таа што одлучува кои новинарски прашања заслужуваат одговор, реагира Синдикатот на новинарите

ДУИ: Владата ја турка државата кон нов бран поскапувања

Дрски и безобразни лаги, Владата ги демантира обвинувањата од СДСМ за набавка на водата за Гостивар

СДСМ: Голема грижа за граѓаните на Гостивар – бизнис зделка од 100.000 евра на Мицкоски и ВМРО со вода

ВМРО-ДПМНЕ: Секој денар од ребалансот е инвестиција во иднината