„Аеродроми на Македонија“ вработува референти, возач, курир – основна плата 39 илјади денари

Од:

Акционерскиото Друштво „Аеродроми на Македонија“ Скопје, објави оглас за вработување 5 лица на неопределено време.

Со огласот се бараат: шеф на кабинет, самостоен референт за маркетинг, самостоен референт за контрола на документација за набавки и продажба, возач и курир. Паричниот износ на основната нето плата за сите работни места е 39.297 денари.

Кандидатите покрај општите услови утврдени со закон, треба да ги исполнуваат и следните посебни услови.

За позициите шеф на кабинет и референти се бара завршено високо образование, а за останатите две места, средно образование. Рокот за пријавување е пет работни дена од денот на огласувањето, а изборот ќе се изврши во рок од 45 дена по истекот на рокот на пријавување.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Израел нападна сириски воени аеродроми

Екс градоначалничката на Арачиново е новата директорка на АД Аеродроми

Според Сугарески, сè уште е рано за одлука за отворање на аеродромите

А1он

„ТАВ Македонија“ за промената на името на аеродромот: Ќе постапиме како што вели Владата

Ана Ололовска

Зголемен бројот на патници на македонските аеродроми

Наум Локоски

Повеќе патници на македонските аеродроми

Емир Латифовиќ