Повеќе патници на македонските аеродроми

Од:

На македонските аеродроми минатиот месец се регистрирани за 27 проценти повеќе патници во споредба со истиот месец лани, објави концесионерот на аеродоромите ТАВ Македонија. Преку скопскиот аеродром „Александар Велики“ патувале 87.992 патници, а од охридскиот „Св. Апостол Павле“ 8.337, односно вкупно 96.329 патници.

Во текот на првите пет месеци од годинава во споредба со претходната, има зголемување на бројот на патници од 16,4 проценти со вкупно 365.358 превезени патници.

Според ТАВ, зголемен е и бројот на летови. Од јануари до мај годинава биле реализирани 4.564 операции на воздухоплови што е зголемување од 6,9 проценти во споредба со истиот период од 2012. Во мај годинава во споредба со мај лани е забалежано значително зголемување од 19,8 проценти.

Зголемувањето, објаснуваат од ТАВ, се должи на воведувањето нови линии на нискотарифниот авипревозник „Визер“, зголемувањето на фреквенциите на некои од постоечките авиокомпании, но и одржувањето на изборите во Македонија.

Најпопуларна дестинација од скопскиот аеродром во мај, но и во текот на изминатите пет месеци, од јануари до мај, била Истанбул, по која следат Виена, Цирих, Лондон и Љубљана. Најмногу патници патувале со нискотарифниот авиопревозник „Визер“, па со „Туркиш ерлајнс“, „Аустриан ерлајнс“, „Адриа ервејс“ и „Пегасус ерлајнс“.

Би можело да ве интересира

Екс градоначалничката на Арачиново е новата директорка на АД Аеродроми

Во прекин веб-страниците на неколку германски аеродроми

Европа ги укина сите ограничувања за патување поради коронавирусот

Се укинува задолжителното носење маски на аеродромите во Европа

Катерина Ѓуровски

САД и Индија се договорија за обнова на патничките летови

А1он

Според Сугарески, сè уште е рано за одлука за отворање на аеродромите

А1он