Зголемен бројот на патници на македонските аеродроми

Од:

Во првите осум месеци од оваа година од аеродромите „Александар Велики“ во Скопје о „Св. Апостол Павле“ во Охрид биле превезни 1.339.065 патници, што претставува зголемување од 10,5 отсто споредено со истиот период минатата година, соопштија од Министерстово за транспорт и врски.

Зголемување од 10,4 отсто е забележано на скопскиот аеродром, каде што во првите осум месеци од годинава се регистрирани 1.223.630 патници, во споредба со истиот период мината година кога имало 1.108.157 патници.

На охридскиот аеродром пак, во перидот јануари-август имало 115.435 патници, а во споредба со мината година кога имало 113.431 патник.

Согласно, реализација на сообраќајот, најзастапени дестинации според бројот на патници за периодот јануари – август се: Истанбул 12,5 отсто, Цирих 9 отсто, Виена 6,6 отсто и Базел 5,1 отсто.

Би можело да ве интересира

Екс градоначалничката на Арачиново е новата директорка на АД Аеродроми

Во прекин веб-страниците на неколку германски аеродроми

Европа ги укина сите ограничувања за патување поради коронавирусот

Се укинува задолжителното носење маски на аеродромите во Европа

Катерина Ѓуровски

САД и Индија се договорија за обнова на патничките летови

А1он

Според Сугарески, сè уште е рано за одлука за отворање на аеродромите

А1он