Европа ги укина сите ограничувања за патување поради коронавирусот

Од:

Советот на Европската унија ги повика сите земји-членки да ги отстранат преостанатите ограничувања за патување поради коронавирусот и да овозможат целосна слобода на движење во блокот. Како што се наведува во соопштението, во новите препораки се наведува дека земјите членки не треба да воведуваат никакви ограничувања во однос на јавното здравје.

Сепак, некои мерки за заштита остануваат на сила во случај на влошување на епидемиолошката состојба. Во овој случај, како што беше посочено, државите треба да воведат мерки како вакцинација, доказ за тестирање или закрепнување.

Како што е соопштено од Шенген виза инфо, во случај да се открие опасна варијанта на корона вирусот во трета земја или каде било во светот, на земјите-членки им се остава слобода да воведат итни привремени ограничувања за патување.

Ваквите ограничувања треба да важат 21 ден освен ако земјата-членка не одлучи поинаку, се наведува во препораките на Советот на ЕУ.

Шпанија, инаку, беше последната земја што ги укина ограничувањата на Ковид за патниците кои не се членки на ЕУ на 21 октомври. Властите на Луксембург го направија истото, а тие беа последните две земји во Европа кои сè уште имаа ограничувања за патување. Да потсетиме, пандемијата на коронавирус ги погоди сите во Европа, но особено го погоди туризмот, бидејќи во март 2020 година беа прекинати сите патувања во Европа, внатре и надвор од Европа.

Овој сектор сè уште не закрепнал, а се предвидува до крајот на следната година да достигне 75 отсто од резултатите од 2019 година. Според податоците на Европската комисија за патувања, авиосообраќајот најдобро функционира, а бројот на летови во август годинава бил само 11 отсто помал од рекордните резултати од 2019 година.

Би можело да ве интересира

Екс градоначалничката на Арачиново е новата директорка на АД Аеродроми

Во прекин веб-страниците на неколку германски аеродроми

Се укинува задолжителното носење маски на аеродромите во Европа

Катерина Ѓуровски

САД и Индија се договорија за обнова на патничките летови

А1он

Според Сугарески, сè уште е рано за одлука за отворање на аеродромите

А1он

Инситутот Роберт Кох: Мерењето темпратура на аеродромите нема ефект

А1он