17 милиони денари за авио-карти

Од:

Агенцијата за електронски комуникации за период од две години за авио карти планира да потроши околу 285.000 евра.

За оваа потреба тие денеска до бирото за јавни набавки доставиле оглас каде на тендер бараат услуга за резервација и испорака на авио билети.

АЕК проценил дека за да ја набави оваа услуга доволно се 17.500.000 милиони денари без вклучен ДДВ на сумата.

Договорот ќе важи две години а услов за добивање на тендерот е најниска цена или оној кој ќе понуди онолку колку што проценил дека АЕК е доволно.

Преоктираната сума од 285.000 евра за оваа услуга може да се намали само со користење на електронска аукција.

За 2014-та АЕК проектираше приходи од 11,2 милиони евра.

Агенцијата за електронски комуникации донираше и еден милион евра за изградба на панорамското тркало кое според пресметките треба да чини околу 18 милиони евра.

Директорот на АЕК, Роберт Ордановски соопшти дека донацијата е легитимна и законска и следувала откако добиле барање за донација.

При одлуката АЕК да донира еден милион евра за Панорамско тркало, реагираше опозицијата која побара овие пари Агенцијата за електронски комуникации да ги намени за бесплатен превоз за студентите или за атмосферска канализација.

Би можело да ве интересира

Избегната голема авионска несреќа аеродромот Џон Кенеди во Њујорк

Анализа на АЕК: Недостиг на пазарна конкуренција во мобилната телефонија, влезот ограничен

Горан Наумовски

Колку луѓе ја дочекаа Нова година на небото? Во моментот на пристигнување на 2024 летале 10.560 авиони

А1он

Замрзнат дожд падна во Минхен, замрзнати писти на аеродромот, сите летови одложени

Снегот виновник за откажани десетици летови од Амстердам

Грчка полиција уапси маж кој е осомничен за убиството на навивачот на АЕК

Горан Наумовски