Замрзнат дожд падна во Минхен, замрзнати писти на аеродромот, сите летови одложени

Од:

Поради замрзнат дожд утрово повторно беа прекинати летовите на аеродромот во Минхен. Портпаролот на аеродромот потврди за ДПА дека сите писти се замрзнати поради замрзнат дожд. Нема да има полетувања или слетувања барем од првите летови во 6 часот наутро до пладне.

На онлајн распоредот на пристигнувања и полетувања на летовите на тој аеродром, сите наведени летови се откажани или одложени.

„Аеродромските писти и паркингот ќе бидат одмрзнати во првата половина на денот. Планот е да се овозможи воздушниот сообраќај да продолжи од пладне“, објави аеродромот на својата веб-страница.

„Сепак, се претпоставува дека повеќето летови во текот на остатокот од денот, исто така, ќе мора да бидат откажани од безбедносни причини“, додаваат тие.

Новиот прекин доаѓа само 48 часа откако аеродромот продолжи со работа по дводневното затворање поради обилните снежни врнежи.

Би можело да ве интересира

Избегната голема авионска несреќа аеродромот Џон Кенеди во Њујорк

Колку луѓе ја дочекаа Нова година на небото? Во моментот на пристигнување на 2024 летале 10.560 авиони

А1он

Снегот виновник за откажани десетици летови од Амстердам

Русија: Американски бомбардери откриени во близина на границата со Русија

Горан Наумовски

Министерство за одбрана: Италијанските воздухопловни сили ќе учествуваат во патролирање на македонското небо

„Луфтханза“ влегува на македонскиот пазар, стартува новата авиолинија Скопје-Франкфурт

Ана Ололовска