„Златна петорка“ на фестивал во Варна

Од:

Долгометражниот македонски игран филм „Златна петорка“ во режија на Горан Тренчовски ќе биде прикажан на јубилејниот 25. Интернационален филмски фестивал „Љубовта е лудост“ во Варна, Бугарија.

„Златна петорка“ ќе биде прикажан во програмата за дебитантски филмови. Проекцијата ќе се одржи во киносалата „Европа“ на големиот конгресен и фестивалски центар на 28 август, в понеделник.

Филмот е селектиран на уште неколку интернационални фестивали кои ќе се одржат во септември. По гала-премиерата на „Браќа Манаки“ во Битола, каде беше прикажан вон конкуренција, филмот за релативно краток период освои пет меѓународни награди, што е редок успех за македонската кинематографија.

„Златна петорка“ е во продукција на „Револушн“ од Скопје и е поддржан од Агенцијата за филм на Република Македонија.

Би можело да ве интересира

Македонски филмови во мајската програма на Кинотека со фокус на творештвото на Столе Попов

Предраг Петровиќ

Бугарската амбасада во Албанија донираше во општина Пустец: „Секоја донација без задни намери е добредојдена“

А1он

Бугарија гради база за прием на авиони Ф-16

ВИДЕО: Бугарија повторно има преодна влада, на избори оди на 9 јуни

Романија и Бугарија делумно влегоа во Шенген зоната

Нов земјотрес ја стресе Бугарија