За првпат детскиот литературен фестивал „Ракатки“ во Прилеп

Од:

На 20 април, в сабота, во Градската библиотека „Борка Талески“, за првпат во Прилеп, а по деветти пат, ќе биде одржан Детскиот литературен фестивал „Ракатки“.

Филип Димкоски,организатор на фестивалот и член на фестивалскиот одбор, изјави дека е среќен поради тоа што овојпат Прилеп е град-домаќин на овој фестивал. На фестивалот ќе настапат 30 млади литерати од повеќе градови од државава, кои претходно беа избрани на традиционален конкурс, кој го распишува Фестивалскиот одбор. Претседател на одборот е македонската поетеса Славка Арсова.

Освен презентирање на детската литература, на фестивалот ќе има и музички точки од прилепските ученици. Традиционално, како секоја година така и оваа, ќе биде испечатен алманах со сите творби со кои ќе настапат учесниците.

По настапот в сабота, учесниците на фестивалот и нивните ментори в недела ќе имаат можност за прошетка и запознавање со знаменитостите на Прилеп, како и дружба со прилепските писатели. Почетокот на детскиот фестивал „Ракатки“ е во 18 часот, а влезот е бесплатен. Поканети се сите љубители на литературата и на пишаниот збор.

Би можело да ве интересира

Петмесечно бебе со голема кашлица хоспитализирано во Прилеп

Вандали уништиле мермерни плочки околу спомениците – Урни во Могилата на непобедените во Прилеп

Четири работнички од Непал му избегале на газдата во Прилеп, случајот пријавен во полиција

Орце Костов

Во прекин сообраќајот на патот Прилеп – Градско поради сообраќајка

Жена од Прилеп се заканувала дека ќе запали кафеана

Горан Наумовски

Одрон на патот Прилеп – Витолишта, сообраќајот се одвива отежнато

А1он