Во библиотеката во Штип промовирана книгата „Исечоци од мојот живот“

Од:

Книгата „Исечоци од мојот живот“, чиј автор е пензионираната професорка Добрила Јовева беше промовирана денеска во НУ Универзитетска библиотека „Гоце Делчев“ во Штип.

Вилма Јованова, вработена во НУУБ „Гоце Делчев“-Штип истакна дека промоцијата на книгата „Исечоци од мојот Живот“ е во пресрет на одбележувањето на големиот празник „Свети Кирил и Методиј“.

– Ова е четврта книга по ред на професорката која ја издава нашата библиотека и која ја промовира внатре во библиотеката. Навистина ни е чест што ја имаме таа можност да ги претставиме исечоците од нејзиниот живот, преку одбележување на одредени празници, моменти од животот, среќни настани со своите внуци за кои се радува и живее и за кои оваа книга е посветена, рече Јованова.

Промотор на книгата „Исечоци од мојот живот“ беше професор Марија Емилија Кукубајска.

Би можело да ве интересира

МВР со детали за несреќата во Штип

Стабилна e состојба на работникот, кој се здоби со тешки повреди во лифт во штипски угостителски објект

Горан Наумовски

Едно лице почина, а друго се бори за живот по повреди добиени во лифт во угостителски објект во Штип

Со автомобил удрил во маса на која седела жена и нејзиното семејство, потоа настанала тепачка

Сообраќајка во Штип: Со автомобил удрил во три паркирани возила, а повредил и пешак

Горан Наумовски

Во Штип се одбележаа 81 година од депортацијата на Евреите во логорот на смртта „Треблинка“